Неделна агенда на културни настани и случувања во Скопје

 

Драмски театар 

Македонски Народен Театар

3.10 (пон.) „Госпоѓа министерка“ 20:00

4.10 (вто.) „Сомнително лице“ 20:00 *Цената на билетот е 150,00 ден.

6.10 (чет.) „Свадбата на Фигаро“ 20:00 *Слободен ден за студентите

6.10 (чет.) „Љубовници“ – мала сцена 21:00 *Слободен ден за студентите

7.10 (пет.) „Викај ги среќа“ – мала сцена 18:00

9.10 (нед.) Панфиз 20:00

9.10 (нед.) Панфиз 21:30

VOX Night Club

Една заедничка забава со иста цел!

Заедничка забава на почетокот на новата академска година, со цел подигнување на свеста кај младата популација за ракот на дојка и доброволно донирање на средства наменети за борба против истиот.

Ве очекуваме, ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ!

Четврток од 21:30 до 0:30

Кино Карпош

Култиватор е мултимедиален фестивал кој се одржува по втор пат во нашиот град – Скопје.

На три локации, читај Кино Карош, Барбакан и Минус Еден ке имате можност да слушнете музика, да погледнете по некој краток филм, и да присуствувате на изложба и базар. За подетални информации кликнете на фб линкот.

 Понеделник /20 часот

Музеј на Град Скопје

Изложба на Анастасија Величковска – “Anti – Beauty Aesthetic“

Како што Интернетот ни нуди бездна од милиони селфија со измазнети лица, совршени тела и брендирана облека, исто толку милиони убавини не’ одвраќаат од вистината. За овие т.н. интернет генерации, во коишто не се родивме, туку израснавме, убавината не е возвишена, таа е стандард и е очекувана.

Преку другото или, авторот ја величи анти – убавината. Ја негува и ја одгледува до убавина на грдото. Естетика на грдото, односно грдото како лице на вистината. Оваа вистина, која убавото ја ублажува, крие, грдото ја истакнува и посакува.

Понеделник/20 часот

Универзална сала

„Централ Парк-Запад“ (Комедија) од Вуди Ален -  четврток, 6 октомври од 21:00 до 22:30

Старт на новата сезона на независната продукција „Театар 007“ со ХИТ комедијата „Централ Парк - Запад“ од Вуди Ален , во режија на Игор Ивковиќ.

БИЛЕТИ ЗА ПРЕТСТАВАТА МОЖЕ ДА СЕ КУПАТ НА КАСАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА СКОПЈЕ

За резервација на билети:
-Може on line да резервирате преку нашата веб страна www.theatre007.mk во делот БИЛЕТИ,
-Испратете е-маил на theatre007@gmail.com, најдоцна еден ден пред одржувањето на претставата
-Исто така билети можете да резервирате и на: 02/3245 – 615 или на 070/991-961.

Рок Кафана Рустикана

Неделна програма

*Понеделник – Mojito Monday со Данчо и Наталија. 3 вида на мохито (класик, јагода, пешн фрут) а промо цена од 120 денари.

*Вторник – Heineken Tribute Tuesday. Heineken 0,5 по промо цена од 100 денари и музика исклучиво од еден артист во периодот од 21:00 – 00:00.

*Среда – Blues & Whiskey Wednesday. In The Mood Blues Duo со најдобриот акустичен блуз перформанс во градот и 6 вида на виски по цена од 100 денари.

*Четврток – Кириличен рокенрол со Аудиоскопје после 21:30

*Петок – Вино и Гитари од 17:00. Афтерворк со Јован и Ташко во соработка со Тиквеш. Александрија Cuvee и Special Selection Oak Edition по цена од 600 денари за 0,75.

R’n’R 101 со Ringroad. Класисична рок едукација со старт после 21:30.

*Сабота – Burger Happy Hours од 14:00 – 18:00. 20% попуст на сите бургери во овој период и соул/фанк/диско музика за одлична денска забава.