Неделен хороскоп: 6-12 септември

Навлегуваме во сезоната на Девиците, а тоа ни помага подобро да се организираме, да бидеме практични и насочени кон целите.

Освен тоа, оваа недела ја имаме Венера која влегува во Шкорпија и ни носи интензитет и страст во љубовните односи, а за некои од знаците и нова романса. 

Што ви носи хороскопот оваа недела?

Овен

Што е важно за вашата благосостојба? Младата Месечина која настапува во Девица во понеделник од вас бара да донесете одлуки кои се фокусирани на вашата благосостојба и доброто чувство, но и балансот меѓу работата и личниот живот. Опозицијата на Широн и Месечината ве прави ранливи во среда, но и ви дава можност отворено да разговарате за своите чувства. Венера влегува во Шкорпија во петок што ви дава можност да постигнете ново ниво на длабочина и доверба во меѓучовечките односи. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Вие вредите, драги Бикови. Во понеделник настапува младата Месечина која ви носи самодоверба која ве учи и потсетува дека вие заслужувате љубов и радост и која ве насочува кон луѓе и моменти кои ќе ви го донесат тоа. Опозицијата на Широн и Месечината во среда ви носи баланс на телото, умот и душата. Со влегувањето на Венера во Шкорпија во петок, спротивностите се привлекуваат, а тоа ви носи нова љубовна приказна во вашиот живот.

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Ова е недела посветена на домот. Младата месечина во Девица која настапува во понеделник го насочува вашиот фокус кон домот и семејството и вашата емоционална сигурност. Опозицијата на Месечината и Широн во среда го осветлува парадоксот на припаѓањето, потрудете се да не се изгубите себеси поради другите. Венера влегува во Шкорпија во петок, а тоа ви носи можност да поработите на градење подобри и поздрави навики за себеси.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Најдете ги вистинските зборови. Младата Месечина во понеделник ги избиструва вашите комуникациски вештини и ви помага да се поврзете со другите како на лично, така и на професионално ниво. Опозицијата на Месечината со Широн во среда ве учи како најдобро да ги менаџирате емоциите на работното место, а со влегувањето на Венера во Шкорпија се зголемува вашата самодоверба и доаѓа гламур во вашиот живот. 

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Што е доволно за вас? Младата Месечина во Девица која настапува во понеделник ви го поставува ова прашање и ве тера да се фокусирате на вашата финансиска сигурност. Опозицијата на Месечината и Широн во среда од вас бара да не се заплеткувате во ситници, туку да и дадете предност на големата слика. Венера влегува во Шкорпија во петок, а тоа ви помага да изградите здрави односи и љубов преку емпатија. 

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Среќен роденден, драги Девици! Во понеделник, младата Месечина во вашиот знак ви носи можност да го манифестирате тоа што го сакате. Опозицијата на Месечината и Широн во среда од вас бара да останете приземјени и во непознатото. Венера влегува во Шкорпија и ви помага подобро да комуницирате во љубовта.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Време е да се ослободите од непотребното. Во тоа ќе ви помогне младата Месечина која ви дава можност да се ослободите од навиките, начините на размислување и однесување и сето она што ве држи во едно место, без можност да просперирате. Во среда, со опозицијата на Месечината и Широн ќе успеете да изградите автономија во љубовните односи, а со влегувањето на Венера во Шкорпија ќе можете да се фокусирате на финансиските цели.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Како можете да се поврзете и да им помогнете на другите? Младата Месечина во понеделник ви помага да бидете активисти и да се фокусирате на помагање на другите и цврсти пријателства. Опозицијата на Месечината со Широн ви помага да истраете во градењето на некои навики кои ви се важни. Венера влегува во вашиот знак во петок и ви помага да го подобрите квалитетот на вашата љубовна врска и односи со другите.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Време е да покажете колку умеете. Младата Месечина во Девица настапува во понеделник давајќи ви можност да ги покажете своите вештини и да бидете лидери. Опозицијата на Месечината со Широн во среда ве поврзува со другите, а со влегувањето на Венера во Шкорпија во петок време е да и кажете крај на една приказна од минатото.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Време е за експанзија и трансформација. Младата Месечина во понеделник ги поврзува вашите идеи, искуства и ставови и ви носи трансформација на вашиот живот. Во среда, со опозицијата на Месечината со Широн ќе успеете на одмерен начин да ги покажете емоциите на работното место. Венера влегува во Шкорпија во петок во вашата зона на пријателства, па можно е да преминете една линија од пријателство во љубов. 

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Време е да тргнете кон длабочините. Со младата Месечина во Девица во понеделник, добро е да поставите цели кои се поврзани со вашата интимност, автентичност и задоволство. Во среда настапува опозицијата на Месечината со Широн што ви носи подобро разбирање и јасни факти. Во петок, со влегувањето на Венера во Шкорпија добивате поддршка од колегите и ја проширувате својата мрежа на професионални контакти.

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Дозволете и на љубовта да влезе во вашиот живот. Младата Месечина во Девица настапува во понеделник и ви носи романтична љубов, сосема ненадејно. Опозицијата на Месечината и Широн во среда ви помага да изградите доверба на оние места каде таа е разнишана, а со влегувањето на Венера во Шкорпија во петок учите важни лекции за успех во љубовта.

Прочитајте повеќе тука.