Неделен хороскоп: 5-11 ноември

Што ни носи неделата која е пред нас?

ОВЕН

Подгответе се да бидете лидери. Меркур влегува во Јарец во вашата зона на кариерата во вторник и ве инспирира да изградите автономија и слобода. Полната Месечина во Близнаци во среда ви помага да ги надминете конфликтите и да дојдете до подобро разбирање со луѓето до вас. Во петок, Венера влегува во Јарец и ви помага да изградите значајни мрежи и контакти за поголем успех во кариерата.

Прочитајте повеќе тука

БИК

Пробајте да го смените својот ум. Во вторник, Меркур влегува во Јарец во вашата зона на мудроста и ви помага да ја смените својата перспектива на подобро. Во среда со полната Месечина во Близнаци ќе успеете да се поврзете со своите вредности и да дојдете до поголема сигурност, задоволство, но и финансиска слобода. Во петок, Венера влегува во Јарец и ви помага да привлечете различни личности.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Која е вашата вистина, драги Близнаци? Во вторник Меркур влегува во Јарец во вашата зона на интимноста и ви помага да откриете, но и да споделите подлабоки вистини за себе. Полната Месечина во среда е во вашиот знак и ви дава поттик да се ослободите од минатото и да живеете во сегашноста. Венера влегува во Јарец во петок и ги носи вашите љубовни односи на едно подобро ниво.

Прочитајте повеќе тука

РАК

Спротивностите се важни. Во вторник, Меркур влегува во Јарец во вашата зона на романса и ви помага да ја видите поголемата слика и покрај разликите. Во среда, полната Месечина во Близнаци ве инспирира да развиете духовна пракса која ќе ви помогне да изградите доверба, визија и надеж. Венера влегува во Јарец во петок и ви носи енергија во која спротивностите се привлекуваат.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Направете мал чекор. Меркур влегува во Јарец во вторник во вашата зона на добростојба и бара од вас да внесете нови навики. Полната Месечина во Близнаци ви помага да дојдете до подобри односи со другите луѓе и да ги преструктурирате своите пријателства. Венера влегува во Јарец во петок и ви помага да ги забележите малите нешта, а тоа е одлично за вас.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Зборувајте од срце, драги Девици. Во вторник, Меркур влегува во Јарец во вашата зона на храброста и ве инспирира да ја покажете својата ранливост. Полната Месечина во среда ви носи голема трансформација на полето на кариерата. Во петок, Венера влегува во Јарец и ве поврзува со луѓе кои прават да се чувствувате самоуверено и среќно.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Домот е чувство. Во вторник, Меркур влегува во Јарец и ве поврзува со луѓето кои прават да се чувствувате сакано и сигурно. Полната Месечина во среда ве носи на меѓународна или образовна авантура која може да ви го смени животот. Во петок, Венера влегува во Јарец и ги носи вистинските луѓе во вашиот живот.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Употребете ги своите зборови. Во вторник, Меркур влегува во Јарец и ви помага подобро да комуницирате со другите. Полната Месечина во среда ве потсетува дека вашиот ум е најважниот орган кој го поседувате. На тој начин, ќе се поврзувате со другите и интелектуално и интимно. Венера влегува во Јарец во петок и во вашиот живот носи интелигентни личности. 

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Ова е недела посветена на вашата сигурност. Во вторник, Меркур влегува во Јарец во вашата зона на приходи и ви носи финансиска сигурност и успех. Во среда, полната Месечина во Близнаци ве повикува да комплетирате некој љубовен однос или пријателство на начин кој им одговара на двете страни. Венера влегува во Јарец во петок и ве поврзува со луѓе од кои ќе научите нешто повеќе. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Маглата полека се крева. Во вторник, Меркур влегува во вашиот знак и ви носи појасно размислување, стратегија и можност за решавање на проблемите. Полната Месечина во Близнаци од вас бара да смените некоја навика за да ги остварите своите цели. Венера влегува во вашиот знак во петок и ве носи кон луѓе и љубовни односи кои прават да се чувствувате убаво и поврзано.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Време е да ставите крај на одредени работи. Во вторник, со влегувањето на Меркур во Јарец ќе бидете во можност да дојдете до крајот на нешто што одамна е дел од минатото. Во среда, полната Месечина ве прави ранливи, но и ви помага да го видите тоа како нешто добро. Во петок, Венера влегува во Јарец и ве повикува се ослободите од некои луѓе и стари начини на однесување од минатото. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Време е за убави чувства. Во понеделник, Меркур влегува во Јарец во вашата зона на пријателствата и ви помага да се поврзете со вашите пријатели. Полната Месечина во среда од вас бара да бидете јасни и конкретни во однос на вашите емоции. Во петок, Венера влегува во Јарец и намерно ги изместува границите меѓу љубов и пријателство.  

Прочитајте повеќе тука.