Неделен хороскоп: 5-11 мај 2025

Оваа недела носи период на внатрешна рефлексија и промени,

Photo by Andrea Piacquadio

Оваа недела започнува со длабока внатрешна промена: Плутон, планетата на трансформацијата, моќта и психолошката длабочина, започнува своето ретроградно движење во знакот на Водолија.

Тоа е повик за сите нас да се вратиме наназад, не за да се изгубиме во минатото, туку за да погледнеме што останало неразјаснето, недоизлечено, неискажано. Плутон ретрограден не носи хаос, туку ни покажува каде сме ја изградиле нашата сила врз страв наместо врз вистина.

На 5 мај, Меркур во Овен прави хармоничен аспект со Јупитер во Близнаци, што носи ментална свежина, креативна енергија и инспирација. Ова е ден за јасни зборови, за изразување идеи, за учење или патување што ве отвора одвнатре. Не потценувајте ја моќта на еден разговор или мисла што одеднаш, како од никаде. 

На 6 мај, Венера и Плутон влегуваат во длабок, интензивен контакт – носејќи моменти на привлечност, желба, но и конфронтација со сопствените сенки. Љубовта оваа недела не е лесна, но таа е вистинска. Сè што не е автентично ќе изглед како тежина, а сè што е вистинито – како ослободување.

До крајот на неделата, на 11 мај, Меркур влегува во Бик, носејќи потреба за стабилност во зборовите, поредок во мислите и топлина во комуникацијата. Сега е време не да зборуваме побрзо – туку повистинито.

Во продолжение, прочитајте што значат овие транзити за секој знак поединечно.

ОВЕН

Овни, оваа недела носи интензивни внатрешни пресврти и блесоци на јасност. Плутон го продолжува своето ретроградно движење во Водолија, активирајќи прашања за вашата улога во пошироките заедници, начинот на кој го изразувате својот бунт, но и колку од тој бунт е автентичен, а колку резултат на страв или незадоволство. На 5 мај, хармоничниот аспект помеѓу Меркур и Јупитер ви носи брилијантни идеи, јасна мисла и можност да донесете важна одлука со неверојатна леснотија. Ако нешто сакате да кажете, да иницирате проект или да го споделите своето мислење, ова е вашиот момент. Венера и Плутон на 6 мај носат силни емоции и можност за длабоки пресврти во љубовта или финансиските прашања. До 11 мај, со влегувањето на Меркур во Бик, темпото се забавува, но зборовите стануваат подлабоки и понежни. Идеално време за разговор од срце.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Бикови, оваа недела ви носи можност за стабилизација, но и нежна конфронтација со внатрешни теми што ги одложувате веќе некое време. Плутон започнува ретроградно патување во вашето поле на професионална амбиција и контрола, барајќи од вас да се запрашате: кој навистина ги води вашите одлуки – вашата интуиција или туѓите очекувања? На 5 мај, хармоничниот аспект помеѓу Меркур и Јупитер ќе ви донесе јасност во умот и можност за практично решавање на ситуации што ви предизвикуваат загриженост. Ако имате нешто што долго го премолчувате, ова е моментот да го изговорите со мирен, но цврст тон. На 11 мај, Меркур конечно влегува во вашиот знак – носејќи со себе бавна, но длабока ментална енергија. Одеднаш, зборовите ќе ви доаѓаат со повеќе леснотија, а вашите мисли ќе бидат поредени, како кутија со убаво складирани спомени.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Близнаци, оваа недела блескате со интелект, харизма и способност да го кажете вистинското нешто во вистинскиот момент. Со поддршката од секстилот помеѓу вашиот владејачки Меркур и експанзивниот Јупитер, кои се наоѓаат во воздушни знаци, добивате идеален астролошки ветер во грб. Ќе се чувствувате како сè конечно да се движи побрзо и појасно, точно по ваш вкус. Ова е совршено време за вмрежување, споделување идеи, интервјуа или јавни настапи – особено ако сакате да оставите впечаток. Сепак, Плутон ретрограден бара од вас да размислите подлабоко за вашите верувања и начинот на кој ги споделувате. Дали секогаш сте искрени или понекогаш користите хумор како одбрана? До крајот на неделата, со влегувањето на Меркур во Бик, ќе почувствувате потреба да забавите и да се вратите кон внатрешниот свет. Не сè мора да биде кажано веднаш.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Ракови, оваа недела ве повикува да нурнете под површината и да се соочите со емоциите кои тивко живеат во вашата сенка. Плутон ретрограден ја активира вашата зона на интимност, доверба и трансформација – теми кои не се лесни, но се суштински за вистинско растење. Ова е момент кога ќе се запрашате кому му давате моќ над вашето расположение и зошто. На 5 мај, Меркур и Јупитер ќе ве поддржат со момент на внатрешна јасност, како да слушате шепот што ве насочува кон следниот чекор. Но, тоа нема да биде гласен вресок, туку тивка интуиција. На 6 мај, Венера и Плутон може да ве втурнат во неочекувано силна емоционална средба или внатрешно будење што ве тресе до коска. До 11 мај, со Меркур во Бик, фокусот се префрлува на пријателствата и поддршката од луѓето што ве разбираат без многу објаснување. Побарајте ги тие луѓе, тие ве држат на површината.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Лавови, оваа недела ве предизвикува да го преиспитате начинот на кој се поврзувате со другите и улогата што ја играте во вашите односи. Плутон го започнувс своето ретроградно движење во вашето поле на партнерства, ставајќи под лупа сè што се однесува на довербата, контролата и рамнотежата меѓу давање и примање. Дали понекогаш се обидувате да доминирате за да се заштитите? Или се повлекувате кога некој друг зазема повеќе простор? На 5 мај, Меркур и Јупитер ви носат прилив на инспирација и комуникациска леснотија, совршен момент да се поврзете со луѓе кои ве поттикнуваат да блескате. Венера и Плутон на 6 мај можат да донесат длабоко емотивен пресврт – момент на вистина што може да ја зацврсти врската или да ја раскине илузијата. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, фокусот се префрлува на кариерата – таму каде што најчесто сакате да водите, сега треба и да слушате.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Девици, оваа недела ве повикува да ги забележите суптилните промени во секојдневието – оние што не се гласни, но ве менуваат длабоко. Плутон ретрограден започнува патување низ вашата зона на рутини, здравје и секојдневна работа – што значи дека старите навики, потиснати обврски или начини на размислување може повторно да се појават за да бидат прочистени. Ова не е недела за перфекција, туку за искреност: кон себе, кон телото и кон обврските што сте ги презеле. На 5 мај, хармоничниот аспект меѓу Меркур и Јупитер ви носи ментална бистрост и можност да планирате нешто што подолго време ви стои во позадина. На 6 мај, Венера и Плутон ве поттикнуваат да го погледнете вашиот однос со задоволството – дали си дозволувате радост, или сè мора прво да биде "заслужено"? До крајот на неделата, со Меркур во сродниот земјен знак Бик, ќе почувствувате олеснување, како мислите конечно да можат да се смират.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Ваги, оваа недела носи можност за емоционална револуција, односно длабока промена што почнува кога конечно ќе признаете што навистина сакате. Плутон започнува ретрограден циклус во вашето поле на љубов, креативност и радост, барајќи од вас да погледнете каде се криете зад маската на балансираноста и што потиснувате за да избегнете конфликт. Дали си дозволувате да блескате, или чекате некој да ви даде дозвола? На 5 мај, аспектот помеѓу Меркур и Јупитер носи леснотија во разговорите и можност за проширување на љубовната или духовната перспектива. На 6 мај, Венера,  вашата владејачка планета влегува во интензивен танц со Плутон, носејќи момент на страст, искреност или преиспитување. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, ќе чувствувате потреба за стабилност, длабока поврзаност и вистински разговори што не се одвиваат само на површина.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Шкорпии, оваа недела започнува нов циклус на внатрешна реконструкција, не на површно ниво, туку длабоко, каде што никој друг не гледа, но вие чувствувате сè. Вашиот владетел Плутон започнува ретрограден танц во полето на домот, корените и емоционалната сигурност, барајќи од вас да погледнете какви темели сте изградиле – дали се цврсти, или се засновани на стари рани што сè уште пулсираат? Ова не е недела за бегство, туку за храбро враќање кон себеси. На 5 мај, хармоничниот аспект меѓу Меркур и Јупитер ќе ви помогне да ги изразите тие чувства, да ги наречете по име и конечно да ги пуштите низ глас или тишина. На 6 мај, Венера и Плутон можат да донесат емотивно раздвижување во семејните односи или интимноста. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, енергијата се пренасочува кон другите, но само откако ќе направите простор во себе.

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Стрелци, оваа недела ве враќа кон нешто што одамна сакате да кажете, можеби на себе, можеби на некој друг. Плутон започнува ретрограден циклус во вашето поле на комуникација, размислување и блиски односи, повикувајќи ве да забележите кои зборови ги користите за да се заштитите, а кои за да се поврзете. Некои мисли можеби сте ги потиснале за да одржите мир, но оваа недела ве учи дека вистинскиот мир доаѓа преку искреност. На 5 мај, секстилот меѓу Меркур и вашиот владетел Јупитер ви носи ментална јасност, радост и леснотија – можеби токму тогаш ќе дојде онаа порака или идеја што долго ја чекавте. Венера и Плутон на 6 мај носат емотивна длабочина во секојдневните разговори, нешто обично ќе добие неочекувана тежина. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, ќе чувствувате потреба за поредок и рутина, не за да се ограничите, туку за да се приземјите и чувствувате посмирено. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Јарци, оваа недела ве повикува да ја преиспитате вашата врска со вредноста, не само финансиската, туку и онаа личната, тивката, што живее зад вашите успеси. Плутон започнува ретрограден циклус во вашето поле на ресурси и самодоверба, отворајќи можност да се ослободите од идеи што ве држат заглавени во мислењето дека треба да „заслужите“ сè. Доаѓа време да си признаете дека сте веќе доволни. На 5 мај, хармоничниот аспект меѓу Меркур и Јупитер ви носи практична инспирација, преку некоја идеја за подобрување на секојдневниот живот, домот или финансиите може да ве осветли токму кога најмалку очекувате. На 6 мај, Венера и Плутон внесуваат интензитет во темата на желба и сопственост – што навистина сакате, и дали верувате дека го заслужувате? До 11 мај, со Меркур што влегува во сродниот земјен знак Бик, се враќа вашата стабилност, но сега со повеќе свесност.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Водолии, оваа недела почнува длабока внатрешна реконструкција,  за начинот на кој се гледате себеси во сопствената приказна. Плутон започнува ретрограден циклус токму во вашиот знак, што значи дека следните месеци ќе ве повикаат да се вратите на суштински прашања за личната моќ, автентичност и трансформација. Оваа недела е почеток – момент кога ќе почувствувате дека нешто старо се растура за да направи место за нешто подлабоко, вистинско. На 5 мај, Меркур и Јупитер ви носат светло преку комуникација, особено во семејни односи или теми поврзани со домот. Ситуации што веќе подолго време стојат во воздух може конечно да се расчистат со еден искрен разговор. На 6 мај, Венера и Плутон го продлабочуваат вашето чувство за себе, ве потсетуваат дека убавината не е на површината, туку во вашата храброст да бидете вистинити. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, ќе чувствувате потреба да се вратите во своето тело, својот дом, својата основа.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Риби, оваа недела ве повикува да ги слушате тивките гласови, оние што шепотат во тишината, кога никој не ве гледа. Плутон започнува ретрограден циклус во вашето дванаесетто поле – зоната на несвесното, минатото и скриените емоции. Ова не е период за надворешна експанзија, туку за внатрешно ослободување. Некои стари мисли, соништа или стравови може да се појават на површината – не за да ве исплашат, туку за да ви помогнат да ги разберете. На 5 мај, Меркур и Јупитер создаваат прекрасен момент на ментална јасност, нешто што сте го чувствувале, но не сте знаеле како да го изразите, сега конечно добива зборови. На 6 мај, Венера и Плутон носат емоционална магнетика, но и потреба за прочистување, не може да се сака ако нешто сè уште се крие во сенка. До крајот на неделата, со Меркур во Бик, чувствувате дека земјата под нозете е постабилна. Конечно, зборовите доаѓаат полека, но со длабочина.

Прочитајте повеќе тука.