Неделен хороскоп: 5-11 јуни

Убава седмица е пред нас.

Photo by Sophie Sköld on Unsplash

ОВЕН

Потребно е да се изразите себеси. Венера влегува во храбриот Лав во понеделник и ве инспирира да споделите вистини за себе како победничка стратегија на полето на љубовта. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец потсетувајќи ве на професионалните проблеми кои го бараат вашето внимание. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви носи ментална сила за да се справите со сите предизвици.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Кој го чува вашето срце на сигурно? Венера влегува во Лав во понеделник и ви носи емоционална сигурност во вашите романтични односи. Во сабота, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви помага да преземете акција. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што ве потсетува да го слушнете своето тело за да дојдете до мудроста која ви е потребна.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Вие сте најдобри комуникатори. Венера влегува во Лав во понеделник, што ќе ви помогне да ги искористите своите комуникациски вештини за да ги привлечете најдобрите љубовни односи. Во сабота, Плутон повторно влегува во Јарец и ги зголемува вашите вештини за поврзување и интимност. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци зголемувајќи ја вашата ментална сила.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Задоволството ви е најважно. Венера влегува во Лав во понеделник помагајќи ви да ги најдете сите оние нешта кои ви носат задоволство и уживање. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви помага да се зближите со луѓето и да ги надминете конфликтите. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што ве носи  на интересно духовно патување.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Дали сте подготвени за промени? Венера влегува во вашиот знак во понеделник и ја зголемува вашата храброст со цел да ги споделите своите чувства, надежи и потреби со другите. Во недела, Плутон повторно влегува во Јарец во вашата зона на добросостојба и ви помага да се вратите во форма. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви носи поврзување со пријателите.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Ослободете се од минатото. Венера влегува во Лав во понеделник. Време е да се ослободите од некои спомени кои ве држат заглавени за минатото. Во недела, Плутон влегува во Јарец, зајакнувајќи ја вашата посветеност. Тоа ви носи самодоверба. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви носи професионален успех.

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Пријатели, љубовници или и двете? Венера влегува во Лав во понеделник, мешајќи ги линиите во едно пријателство. Дали е на повидок романса? Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ве инспирира да најдете контекст во домот и припаѓањето. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што од вас бара да се се препуштите на љубопитноста и патувањата.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Поврзаноста е вештина. Во понеделник, Венера влегува во моќниот Лав и ве инспирира да ги подобрите вештините кои ќе ви донесат поврзување со другите. во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви помага да ги проширите своите вештини за комуникација. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ве потсетува колку ве важна интимноста.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Одите чекор понапред. Во понеделник, Венера влегува во храбриот Лав и ве инспирира да тргнете на патување кон тоа да ги разберете луѓето кои се поинакви од вас. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви носи поврзување со сопствените вредности. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви помага да изградите поврзаност со личност која е различна од вас.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Одете подлабоко, драги Јарци. Во понеделник, Венера влегува во интимниот Лав и од вас бара да поработите на продлабочување на односите со другите преку доверба и разбирање. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во вашиот знак и ви помага да дојдете до поголем интегритет и напредок. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци, што од вас бара да направите мал чекор кон градење на нова навика. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Ова е лето посветено на љубовта. Во понеделник, Венера влегува во Лав и ви носи хемија во која спротивностите се привлекуваат. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви носи можност да комплетирате некои прашања поврзани со одговорноста. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци што од вас бара да ги практикувате своите креативни вештини.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Среќата е во малите нешта. Во понеделник, Венера влегува во Лав и ви бара да ги забележите малите нешта. Во недела, ретроградниот Плутон влегува во Јарец и ви помага да се поврзете со својата заедница. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци и ви помага да се носите со своите силни емоции.

Прочитајте повеќе тука.