Неделен хороскоп: 4-10 јули

Што ни носи хороскопот во првата недела од јули?

ОВЕН

Останете во центарот. Марс влегува во Бик во понеделник и ви помага да се ослободите од потребата да имате контрола над сè. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ве инспирира да ги покажете емоциите кои често ги криете од другите. За време на викендот, Месечината во Шкорпија ви носи интимност и силно задоволство. 

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Ова е ваша недела. Марс влегува во вашиот знак во понеделник што ви носи амбиција, страст и енергија да направите големи лични и професионални промени. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви помага се поврзете со другите преку зборовите. За време на викендот, Месечинаата е во Шкорпија, а тоа ви носи одлично време за љубов и романса.

Прочитајте повеќе тука.    

БЛИЗНАЦИ

Пуштете ги работите подалеку од себе. Во понеделник, Марс влегува во Бик и ви носи комплетирање на нешто што долго време ве мачеше. Тоа ќе ви донесе чувство на ослободување и свеж поглед кон иднината. Во вторник, Меркур влегува во нежниот Рак и ве инспирира да го слушате своето тело. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а таа ве поттикнува да преземете мал чекор кон градење подобри навики за себеси.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Среќен роденден, драги Ракови! Марс влегува во Бик во понеделник во вашата зона на активизам и ве повикува да соработувате со оние луѓе со кои можете да најдете заеднички јазик. Во вторник, Меркур влегува во вашиот знак и ви носи појасно размислување, комуникација и решавање на проблемите. Овој викенд, Месечината во Шкорпија ви носи можност во ранливоста. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Време е да ги покажете своите способности. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашиот сектор на кариерата и ви дава шанса да ги покажете своите лидерски способности, но и да најдете слобода да одлучувате за себе. Меркур влегува во Рак во вторник и ви носи стапици во размислувањето кои ве навраќаат назад во минатото, па затоа чувајте се. Овој викенд, Месечината во Шкорпија ве инспирира да се поврзете со луѓе кои ви носат добро чувство и позитивна енергија.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Следете ја својата љубопитност. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашето поле на образование и патувања и ве мотивира да тргнете на нови места и буквално и фигуративно, но и да научите нови работи. Меркур влегува во Рак во вторник и ве прави поактивни и погласни за некои теми што ви се важни. Овој викенд, Месечината е во Шкорпија а вам ви носи многу прашања и силен интелект.

Прочитајте повеќе тука.  

ВАГА

Нема веќе преправање! Марс влегува во Бик во вашата зона на интимноста и ве мотивира да бидете искрени и автентични без потреба да ја филувате вистината. Меркур влегува во Рак во вторник и ви носи успех во работата. Овој викенд, Месечината е во Шкорпија и ве инспирира да се препуштите на малку трошење за лично задоволство.

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Побарајте разбирање од другите. Марс влегува во Бик во вашата зона посветена на другите луѓе и ви носи можност да направите баланс меѓу себеси и другите. Тоа ќе ви помогне да разберете и различни погледи. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви носи ново учење. За време на викендот, Месечината ќе биде во вашиот знак носејќи ви самодоверба.

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Ослободете се од навиките. Марс влегува во Бик во вашата зона на добростојба во понеделник и ви носи подобри навики. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви носи потреба да се насочите кон интимноста. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а таа бара од вас да бидете добри и нежни кон себеси.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Изразете се најдобро што умеете. Во понеделник, Марс влегува во Бик во вашата зона на храброста и ве мотивира да ги искомуницирате своите желби, емоции и стравови со луѓето кои треба да го знаат тоа. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ви помага да сфатите дека довербата е взаемна. Овој викенд, Месечинат е во Шкорпија во вашиот социјален сектор, па време е за дружење со пријателите.

Прочитајте повеќе тука.   

ВОДОЛИЈА

Поставете граници. Марс влегува во Бик во вашата зона на емоционална интелигенција во понеделник и ви носи инспирација да го заштитите своето сеце и да поставите јасни граници. Искомуницирајте што е во ред, а што не е за вас. Во среда, Меркур влегува во Рак и ве поттикнува да преземете мали чекори кон релаксацијата и смиреноста. За време на викендот, Месечината е во Шкорпија, а тоа носи продуктивност за вас.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Проширете ја својата комуникација. Марс влегува во Бик во вашата зона на комуникации и ве мотивира да бидете појасни и поконкретни во комуникацијата, но и да поставувате прашања за да дојдете до разбирање. Во вторник, Меркур влегува во Рак и ве инспирира да споделите како се чувствувате со некој кој треба да го слушне тоа. Овој викенд, Месечината ве поттикнува да тргнете на авантура и да ги проширите хоризонтите.

Прочитајте повеќе тука