Неделен хороскоп : 31 декември – 06 јануари

Новата година доаѓа, а со неа и новиот хороскоп. Јупитер во Шкорпија и Сатурн во Јарец силно влијаат на сите хороскопски знаци.

Овен

Подготовката за празниците ве истошти, па ќе морате да бидете внимателни цела недела.

Саканата личност ви е голема поддршка и времето поминато со нив е вистинско уживање.

Грбот ви е слаба страна.

Бик

Оваа недела ќе имате повеќе издатоци бидејќи се истрошивте многу за најлудата ноќ. Тоа ви создава нервоза.

Работите се менуваат на љубовно поле, а со тоа се подобрува и вашето расположение.

Добро ќе се чувствувате цела недела.

Близнаци

Работите одат добро на професионален план. Треба да сте задоволни.

Ве привлекува личност од минатото, но знаете дека не смеете да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.

Намалете го стресот.

Рак

Финансиски сте послаби и време е да го решите овој проблем со почетокот на новата година.

Во љубовта ви оди добро. Не претерувајте со непотребни прашања.

Добро се чувствувате.

Лав

Крајот на годината е многу успешен за вас, а со тоа се зголемуваат и вашите планови.

Заљубени сте, но многу работи и препуштате на судбината. Сменете го тоа.

Во добра кондиција сте.

Девица

Во однос на работата, продолжувате во истиот ритам како и досега.

Уживате во љубовната романса со саканата личност.

Ви недостасува сон.

Вага

Потребен ви е повеќе одмор. Празничното расположение нема да ве напушти така лесно.

Во љубовта го сакате тоа што не можете да го имате.

Вежбајте повеќе.

Шкорпија

Добро ви оди на полето на работата, задоволството се забележува и во вашиот паричник.

Работите не се сјајни на полето на љубовта, но тоа не ве загрижува.

Не ви треба диета.

Стрелец

Потребен ви е стручен совет од колеги со кои не се согласувате најдобро. Смалете го егото и направете го тоа што морате.

Ви годи времето поминато со саканата личност.

Јадете повеќе овошје.

Јарец

Потребна ви е промена и сега сте на добар пат да го остварите тоа. Не се откажувајте.

Во љубовта ви е убаво и уживате во секој момент.

Здравјето е добро.

Водолија

Би ви годело патување, но морате да се вратите на работа иако немате енергија.

Емоционално сте исполнети и среќни.

Здравјето е добро.

Риби

Заборавате на вашите планови бидејќи верувате дека нема да успеат. Не заборавајте на нив.

Саканата личност ви е најголема поддршка во животот.

Здравјето е солидно.