Неделен хороскоп: 3-10 февруари

Оваа недела ни носи убави љубовни моменти.

Овен

Кога станува збор за работата, никому не му  е јасно како успевате да ги завршите сите работи. Изгледа како се да ви оди лесно. Но, вие најдобро ја знаете вистината.

Ако сте во врска, вашиот партнер влече на своја страна, но не се предавате така лесно. Не е ништо страшно во прашање, само морате да седнете и да ги средите работи. Ако сте слободни, ќе запознаете личност која е многу различна од сите луѓе со кои сте биле во врска досега.

Тоа што постојано трчате наоколу не ви дава за право да се храните нездраво и да не водите сметка за овој сегмент од вашето живеење. Морате да бидете попосветени на здравата исхрана. Околу здравјето, можни се проблеми со притисокот и циркулацијата.

Бик

Во однос на работата, напнати сте за многу отворени прашања, но треба да видите дека сите работи функционираат онака како што треба.

За оние кои се во врска, чуден период. Ако сте со саканата личност сте многу исполнети, но кога не сте со нив ќе се чувствувате многу осамено. За слободните претставници, ништо ново. Дружете се, излегувајте и правете што ви срце сака.

Околу здравјето, морате да бидете повнимателни околу исхраната.

Близнаци

На работа, се снаоѓате во секоја ситуација па дури и во оние најкомплицираните. Младата Месечина ви носи многу планови и проширување на работата. Ви се отвораат вратите на полето на работата.

Реално гледано, кога станува збор за љубовта не постојат никакви проблеми во вашата врска. Но, сепак нешто ве мачи. Можеби е само период, не размислувајте премногу. Ако не сте во врска, окружете се со луѓе и можеби така ќе ја запознаете вашата сродна душа.

Обрнете внимание на имунитетот.

Рак

На полето на работата, ве очекуваат холеми промени. Тоа на сите им е јасно, но вие треба да соберете сила за сите работи кои надоаѓаат оваа недела.

Младата Месечина ви носи криза и драма на полето на љубовта. Вашите чувства ќе бидат многу променливи и нестабилни. Но, ништо не е толку страшно, издржете. Ако не сте во врска, ќе се занимавате со еротика и страст.

Здравјето е нежно оваа недела, бидете внимателни.

Лав

На работа, ништо не ги нарушува вашите позиции иако повремено имате такво чувство. Немате претерано разбирање со колегите, но не ви е потребно. Сепак, иако не морате да се сакате, важно е да работите заедно.

Во љубовта, имате чувство дека партнерот премногу доминира и тоа ви пречи. Но, треба да се навикнете на ритамот или да се потрудите да го промените тоа, иако е многу тешко да успеете. Ако не сте во врска, ќе започнете комуникација со личност која секој ден ќе се труди да ве освојува. Дајте и шанса.

Се чувствувате подобро од било кога.

Девица

Оваа недела ви носи многу состаноци -  ќе ве боли главата од премногу работа. Сепак, слушајте ги советите од надредените. На крајот, ќе бидете среќни поради тоа.

Во оваа седмица ќе бидете полни со страст, но и ќе се дружите многу. Проблемот е во тоа што иако се изгледа добро, како нешто да ве мачи. Не се чувствувате сакано. Но, ова се чудни денови, брзо ќе помине таквото чувство. Ако не сте во врска, нема да имате многу можности за љубов. Само ситна комуникација и неколку погледи „под око“.

На полето на здравјето, оваа недела ви носи лоша циркулација, висок притисок и чувствителност на временските промени.

Вага

Немате голем ентузијазам кога станува збор за работата. Иако работите изгледаат драматични и тешки, работата е дека само на прв поглед изгледа така. Доаѓаат нови можности, се отвораат нови врати, немојте да бидете претерано нервозни.

Одеднаш ве фаќа оптимизам на полето на љубовта, а и самите не сте свесни зошто. Не се прашувајте премногу, само уживајте во тоа. Единствена лоша работа е тоа што можеби ќе почнете несериозно да гледате на саканата личност, што може да донесе проблеми во врската. За оние кои не се во врска, оваа недела носи почеток на љубовно познанство, но и врска.

Здравјето е одлично оваа недела.

Шкорпија

Оваа недела, на полето на работата ќе морате постојано да прескокнувате препреки. Ќе ве излудуваат мали ситници и ќе се борите постојано. Во еден момент ќе сфатите дека ваше е само да се препуштите, да ги решите ситуациите и да се одморите.

Во љубовта, партнерот се однесува многу поодговорно и позрело од вас. Реално гледано -  немојте да се трудите да доминирате бидејќи сте посебно изгубени оваа недела. Само дајте си простор себеси и сфатете дека ова не е вечно. Оние кои не се во врска, имаат убава комуникација со некоја личност но тоа засега е нешто несериозно. Потрудете се повеќе.

Здравјето не е најдобро, хранете се поздраво.

Стрелец

Полето на работата носи разговори, договори, состаноци -  оваа недела е како создадена за тоа. Се отвора и нова можност за службено патување.

На полето на љубовта, оваа недела работите ќе почнат да се поправаат. Конечно ќе успеете да допрете до партнерот и да водите искрен разговор за работите кои подолго ве мачеа. Оние кои не се во врска, оваа недела ќе имаат една јасна и отворена понуда – некоја личност ќе ги окупира со своето внимание.

Полето на здравјето носи болка во зглобовите, кичмата и колената.

Јарец

Кога станува збор за работата, време да почнете да калкулирате, а да не бидете како отворена книга. Можеби време да кажете едно, да мислите друго, а да направите трето. Тоа поминува кај другите, па зошто не би можело и  кај вас. Важни се комбинациите.

Оние кои се во врска, влегуваат во период во кој се подготвени да дадат повеќе  и да се посветат на односот со саканата личност. Но, проблемот е во другата страна, која не е сигурна што сака. Тоа не значи дека не сте сакани, туку дека можеби други приоритети се поважни. За оние кои не се во врска, доаѓаат нови можности. Можно е и навраќање на минатото, но бегајте од тоа.

Здравјето е нестабилно.

Водолија

Оваа недела ќе копнеете по промени. Но, тие доаѓаат од вторник. До крајот на седмицата доаѓа до ново поместување, некаков конкретен договор. Ова е период на изненадувања.

Работите се одлични оваа недела и важно е да ги искористите. Тоа што некои прашања можеби ќе ве мачат, оставете го на страна. Не се трудете да го поправате тоа што не можете. Бидете само иницијатор за убави можности. За оние кои не се во врска, тоа што зрачите, тоа и привлекувате.

Влегувате во убава фаза, кога станува збор за здравјето.

Риби

Иако мислите дека сте семоќни, не можете се да постигнете сами. Потребна ви е помош од соработниците. Заедно е полесно, ќе го увидите тоа.

Некои работи ве мачат кога станува збор за љубовта, но тоа е поради фактот што премногу анализирате. Носите некоја несигурност во себе од која не можете да се ослободите. Самите тешко ќе се изборите со ова, но ако сте во можност да разговарате со саканата личност, направете го тоа. за оние кои не се во врска, доаѓа убава недела на љубовни можности.

Полето на здравјето носи нервози и стрес, потрудете се да ги избегнете.