Неделен хороскоп: 29 ноември - 5 декември

Што ни носи последната недела од ноември? 

Овен

Задржете ја вербата, драги Овни! Ретроградниот Нептун завршува во среда и ја задржува вербата во новите можности за успех, но и ставање крај на нешто што не ви служи во животот. Соларната еклипа во Јарец во сабота ве поканува да се фокусирате на решенија, но и да го примените наученото во пракса, за да можете да смените некои области од својот живот.

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Не сте сами, драги Бикови. Ретроградниот Нептун го завршува своето патување со реда и ве поврзува со вашите љубезни и добри пријатели кои можат да ви понудат поддршка и љубов. Соларната еклипса во Стрелец во сабота ви дава можност да ја прифатите вистината и тоа на грандиозен начин. Оттаму, кажете ја вистината која сакате да ја слушнете и дозволете си интегритет и љубов кон себеси.

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Време е да ја искористите својата креативност. Нептун го завршува својот ретрограден од во среда и ви доаѓа можност да ја примените креативноста во вашата кариера. Соларната еклипса во Стрелец во сабота менува одредени работи во вашиот живот преку нови романтични односи и продлабочување на оние во кои што сте. За некои Близнаци завршува приказна која веќе не им носи ништо добро.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Аха, драги Ракови! Нептун го завршува своето ретроградно патување во среда во вашата зона на мудрости и ви носи многу идеи и инспирација за решавање на проблемите. Соларната еклипса во сабота во Стрелец ве насочува кон работата и ве насочува кон различни аспекти од вашиот живот -  психолошки, физички и емоционални.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Откријте, не се кријте од другите. Ретроградниот Нептун завршува во среда и ве инспирира да се отворите пред другите. Зборувајте за своите надежи, цели и споделете важни информации со оние околу вас. Соларната еклипса во Стрелец во сабота ја зголемува вашата самодоверба. Ќе добиете важна награда за тоа што сте.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Која е вистината за вас, драги Девици? Ретроградниот Нептун завршува во среда и ве иснпирира да тргнете кон непознатото со поголема доверба во себеси. Соларната еклипса во сабота е добредојдена. Ќе бидете благодарни за сите луѓе, места и искуства кои ви ја донеле емоционалната сигурност која ја заслужувате.

Прочитајте повеќе тука.

Вага 

Фокусирајте се, драги Ваги! Нептун го завршува своето ретроградно патување во среда и ве повикува да се фокусирате на деталите, малите нешта и сите оние релевантни детали кои додаваат на големата слика. Соларната еклипса се случува во сабота во Стрелец и бара од вас да размислите како комуницирате со другите. Најдете начин подлабоко да се поврзете со луѓето околу себе.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Вие вредите, драги Шкорпии! Ретроградниот Нептун завршува во среда и ви носи доверба и храброст за да го постигнете она што го сакате. Соларната еклипса во Стрелец во сабота ја осветлува вашата куќа на вредностите и врските со другите. 

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Среќен роденден, драги Стрелци! Дајте си дозвола да чувствувате кога Нептун почнува да се движи директно во среда. Соларната еклипса која ни доаѓа во сабота во вашиот знак е моќен момент за вашите желби. Замислете желба која сакате да се исполни за време на вашата сезона.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Емпатијата е одговорот, драги Јарци. Ретроградниот Нептун го завршува своето патување во вашиот комуникациски сектор во среда и ви помага да се поврзете со другите преку љубезноста и емпатијата. Соларната еклипса во Стрелец во сабота ве поврзува со некои приказни кои веќе не ви служат. Ослободете се од она што не ви носи ништо добро со верба дека најдоброто допрва доаѓа.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Слушајте го телото, драги Водолии! Нептун го завршува своето ретроградно патување во среда и ве инспирира да се поврзете со својата сензуална страна. Соларната еклипса во сабота во Стрелец ве насочува кон активизам и политички прашања со кои би сакале да разговарате со  другите.

Прочитајте повеќе тука.

Риби 

Време е за примена на знаењата. Ретроградниот Нептун завршува во вашиот знак насочувајќи ве кон тоа да го примените стекнатото знаење од изминатиот период. Соларната еклипса во Стрелец во сабота во вашата зона на кариера. Покажете ги своите лидерски способности, креативност и визија и размислете каде сакате да се движи вашата кариера. 

Прочитајте повеќе тука.