Што ни носи хороскопот оваа недела?
Photo by Joshua Rawson-Harris on Unsplash
ОВЕН
Не дозволувајте неодлучноста да биде ваша одлика оваа недела. Во четврток, конјункцијата на Јупитер и Северниот нод во знакот Бик владее со вашата зона на сигурност и ви носи пренесување на вашите вредности во пракса. Но, важно е да знаете што сакате. Во среда, полната Месечина во Стрелец од вас бара да тргнете во авантура по нови знаења, но и патувања подалеку од домот.
Прочитајте повеќе тука.
БИК
Замислете желба. Во четврток конјункцијата на Јупитер и Северниот чвор е во вашиот знак, а тоа ќе ви донесе исполнување и на најлудите желби. Момент како овој нема да се повтори до 2059 година, па затоа бидете присутни во моментот. Во сабота, полната Месечина ве повикува да уживате во интимноста и трансформацијата, но и сите оние нешта кои досега ве плашеле.
Прочитајте повеќе тука.
БЛИЗНАЦИ
Среќен роденден, драги Близнаци. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор е во Бик во вашата зона на краеви, што ќе ви донесе крај на некои ваши навики и начини на однесување. Тоа ќе ве охрабри да бидете подобра личност. Во сабота, полната Месечина во Стрелец ви носи нова динамика на полето на љубовта.
Прочитајте повеќе тука.
РАК
Потребна ви е заедница. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор во Бик владее со вашите пријателства и социјалниот сектор и ве прави поповрзани со другите. Во сабота, полната Месечина во Стрелец ја осветлува вашата зона на добросостојба и ве насочува кон подобрување на вашите навики за подобро здравје.
Прочитајте повеќе тука.
ЛАВ
Дали сте подготвени за кариерна промена? Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор е во Бик во вашата професионална зона, што ви помага да ги усогласите своите страсти и цел за да унапредувате во професијата. Во сабота, полната Месечина во Стрелец ви помага да најдете сила, но и да бидете ранливи пред некој кој треба да ве види такви.
Прочитајте повеќе тука.
ДЕВИЦА
Размислете повторно, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор е во вашата зона на мудрост, помагајќи ви повторно да разгледате една ситуација од поинаква перспектива. Не се плашете да го промените своето размислување. Во сабота, полната Месечина во Стрелец од вас бара да ги промените контекстите за емоционална сигурност и да најдете места кои прават да се чувствувате како дома.
Прочитајте повеќе тука.
ВАГА
Лесно е да се сака, драги Ваги. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор е во вашата зона на интимност, помагајќи ви да утврдите што сакате, како сакате и кого треба да сакате. Размислете за сите оние луѓе околу вас кои ја заслужуваат вашата љубов. Во сабота, полната Месечина во Стрелец од вас бара да бидете директни во однос на вашите желби со цел да дојдете до максимално разбирање.
Прочитајте повеќе тука.
ШКОРПИЈА
Љубовта е во воздухот. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор е во секторот на романсата и ви носи енергија во која спротивностите се привлекуваат. Во сабота, полната Месечина во Стрелец од вас бара да бидете практични во однос на умот, телото и да најдете задоволство во малите нешта.
Прочитајте повеќе тука.
СТРЕЛЕЦ
Почнете со мали цели. Во четврток, конјункцијата на вашата планета Јупитер со Северниот чвор во Бик од вас бара да преземете мал чекор кон умот и телото. Не прифаќајте повеќе одошто можете. Одете чекор по чекор. Полната Месечина во вашиот знак во сабота ви носи шанса да почнете од почеток.
Прочитајте повеќе тука.
ЈАРЕЦ
Изразете се целосно. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор во вашата зона на емоции од вас бара да дефинирате и да објасните како се чувствувате во однос на некој кој треба да го знае тоа. Полната Месечина во сабота ви носи можност да одморите и да ги наполните батериите.
Прочитајте повеќе тука.
ВОДОЛИЈА
Најубаво е дома. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор во Бик е во вашата зона на домот и ве носи поблиску до луѓе и места кои ви носат емоционална сигурност. Полната Месечина во Стрелец во сабота го осветлува вашиот сектор да се поврзете со пријателите кои ви недостасуваат.
Прочитајте повеќе тука.
РИБИ
Проширете ја својата комуникација. Во четврток, конјункцијата на Јупитер со Северниот чвор во Бик е во вашиот сектор на комуникација, па затоа не треба да се чувствувате ограничено во однос на тоа како комуницирате. Во сабота, полната Месечина во Стрелец ви носи интересна транзиција во вашата кариера.
Прочитајте повеќе тука.