Неделен хороскоп: 28 ноември - 4 декември

Што ни носи последната недела од ноември?

ОВЕН

Бидете храбри да одите против толпата. Со тригонот на вашата планета Марс и Сатурн во понеделник ќе имате потреба да имате различно мислење од другите. Дополнително, опозицијата на Венера и Меркур со Марс ви помага да останете сигурни, но и флексибилни во разговорите со другите. Имајте отворен ум. Нептун се движи директно во Риби во вашиот сектор на исцелување и ви помага да затворите важно поглавје од минатото. 

Прочитајте повеќе тука

БИК

Применувајте го она што го кажувате. Во понеделник, нè очекува тригонот на Марс и Сатурн кој ви помага да ги примените своите лични вредности во работата и така да се чувствувате посигурно. Опозицијата на Венера и Меркур со Марс во текот на неделата ве потсетуваат дека непријатноста е цената што ја плаќате кога не сте целосно отворени за градење длабоки односи со другите. 

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Размислувајте на големо. Во понеделник со тригонот на Марс и Сатурн се ослободувате од малите нешта и добивате можност да ја видите поголемата слика. Во текот на неделата, Венера и Меркур прават опозиција со Марс и го нормализираат конфликтот со цел да дојдете до поголема близина и разбирање со другите. Во сабота, Нептун се движи директно во Риби во вашиот професионален сектор и ви носи појасни цели во кариерата.

Прочитајте повеќе тука

РАК

Вратете ја назад својата моќ, драги Ракови. Во понеделник со тригонот на Марс и Сатурн ќе си ја вратите одговорноста и ќе бидете свои,  без оглед на реакцијата на другите. Венера и Меркур прават опозиција со Марс во текот на неделата и ви помагаат да примените интегративен пристап за да се одморите и да ги исцелите својот ум, душа и тело. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата зона на мудрости и ви помага да ги примените научените лекции со цел да постигнете успех. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Време е за љубов. Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн ви помага да најдете љубов и романса меѓу своите пријатели. Во текот на неделата, опозицијата на Венера и Меркур со Марс ја продолжуваат оваа идеја, особено во однос на романсата со пријателите. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата зона на интимност и ве инспирира да бидете отворени кон другите.

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Сè е во деталите. Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн ве потсетува каде лежи вистината: балансот е клучен за да бидете среќни. Со опозицијата на Венера и Меркур со Марс ќе бидете љубопитни и ќе се трудите да ги подобрувате конекциите со другите на полето на личниот и професионалниот живот. Во сабота, Нептун се движи директно во Риби во вашата зона на романсата, помагајќи ви да ги подобрите љубовните односи.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Храброста е секогаш наградена. Во понеделник ни доаѓа тригонот на Марс и Сатурн и од вас бара да најдете сила и убавина во изразување на вашата ранливост. Во текот на неделата, Венера и Меркур прават опозиција со Марс и ви помагаат да го најдете балансот меѓу малата и големата слика. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата зона на добросостојба и ви помага да се посветите на здравите навики со цел да го подобрите своето здравје.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Дајте им име на своите чувства. Тригонот на Марс и Сатурн во понеделник бара од вас да ги искомуницирате своите емоции за да дојдете до поголемо поврзување и интимност. Во текот на неделата, Венера и Меркур прават опозиција со Марс и ве инспирираат да најдете сигурност во градењето доверба со другите. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата зона на самодоверба и ви помага да се сакате себеси повеќе.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Среќен роденден, драги Стрелци! Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн ви помага да средите некои конфликти во вашиот живот преку активно слушање и прашања. Во текот на неделата, опозицијата на Венера и Меркур со Марс ви помага да дојдете до хемија во љубовните односи. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во вашата зона на емоции, помагајќи ви да чувствувате длабоко.  

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Направете го првиот мал чекор, драги Јарци. Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн бара од вас да се посветите на личниот развој. Во текот на неделата, опозицијата на Венера и Меркур бара од вас да примените научен и духовен пристап кон вашата добросостојба. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби во вашата зона на комуникации, помагајќи ви да ги надминете недоразбирањата со другите.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Границите можат да бидат и лични. Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн ќе ве инспирира да примените повеќе дисциплина во вашиот живот. Во текот на неделата, опозицијата на Венера и Меркур со Марс ви помага да се поврзете со своите пријатели и да најдете задоволство во нивното друштво. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во Риби, помагајќи ви да го подобрите својот однос со финансиите.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Дали можете да му простите на своето семејство? Во понеделник, тригонот на Марс и Сатурн ве инспирира да размислите за она што може да ви помогне да надминете некои конфликти со блиските и да ги подобрите односите. Во текот на неделата, опозицијата на Венера и Меркур со Марс ќе ви помогне да ги искористите своите емоции за да напредувате во кариерата. Во сабота, Нептун почнува да се движи директно во вашиот знак и ви помага да преземете акција за да направите промени во својот живот.

Прочитајте повеќе тука