Неделен хороскоп: 27 јуни - 3 јули

Ни пристигна хороскопот за последната недела од јуни и првите денови од јули. Што ги очекува хороскопските знаци? 

ОВЕН

Што значи домот за вас? Младата Месечина во Рак бара од вас да поставите цели за да постигнете емоционална сигурност. Нептун почнува да се движи ретроградно во Риби, инспирирајќи ве да се фокусирате на навиките и активностите кои ве прават среќни. Во петок со квадратот на Марс и Плутон потребно е да се ослободите од самосаботажа и да верувате со себе. 

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Проширете го својот круг. Младата Месечина во  Рак ве поттикнува да комуницирате со нови луѓе и да се отворите кон светот. Нептун почнува да се движи ретроградно во вторник инспирирајќи ве да направите евалуација на вашите постоечки пријателства. Во петок, квадратот на Марс и Плутон ве прави ранливи и ви носи крај на една врска или ситуација.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Кои се вашите вредности? Младата Месечина во Рак во вторник ве потсетува на тоа и бара од вас да си разјасните што ви е важно. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден и ве инспирира да бидете креативни на работното место. Во петок, квадратот на Плуто и МАрс бара од вас да споделите важна вистина која сакате да биде слушната од другите.

Прочитајте повеќе тука

РАК

Замислете желба, ова е вашата сезона. Младата Месечина во вашиот знак ни доаѓа во вторник, а од вас бара да бидете бестрашни, конкретни и храбри. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден и ви носи љубопитност за да тргнете на нови места. Квадратот на Марс и Плутон ве учи кому да верувате и како да соработувате со другите.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Време е да ставите крај на некои нешта, драги Лавови. Младата Месечина во Рак во вторник ви помага да ставите крај и да комплетирате. Ослободете се од она што ве држи заглавени во минатото.  Истиот ден, Нептун почнува да се движи ретроградно и ве инспирира да се ослободите од стравот од интимноста. Квадратот на Марс и Плутон во петок ви помага да ја балансирате големата и младата слика за јасно да видите одредена ситуација.

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Моќта е во вас. Младата Месечина во Рак бара од вас да се инволвирате во градење соработка која ќе функционира за вас на долг рок. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден во вторник и ви помага да се ослободите од некоја болка од минатото. Квадратот на Марс и Плутон во петок ви носи храброст да постигнете големи нешта.

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Време е за чекор понапред. Во вторник настапува младата Месечина во Рак која го насочува вашиот фокус на кариерата, па затоа кажете му на универзумот што ви е потребно. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден во вашата зона на навики, инспирирајќи ве да изберете навики кои го подобруваат вашето општо здравје. Квадратот на Марс и Плутон бара од вас да ги споделите своите чувства со цел да развиете доверба. 

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Време е за патувања и проширување на знаењето. Младата Месечина во вторник ве поттикнува патувате или да испланирате патување кое ќе ви годи, но и да се фокусирате на подобрување на вашите вештини. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден и ве прави поранливи. Во петок, квадратот на Плутон и Марс бара од вас да ја видите поголемата слика.

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Која е вашата вистина, драги Стрелци? Младата Месечина во Рак во вторник ве инспирира да се фокусирате на интимноста, автентичноста и да се изразите на искрен начин. Нептун почнува да се движи ретроградно во текот на истиот ден и ве инспирира да сте емоционално интелигентни и така да се поврзете со другите. Квадратот на Марс и Плутон ви помага да ги пренесете сопствените вредности во пракса и да бидете посамоуверени. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Љубовта е во воздухот! Младата Месечина во Рак во вторник бара од вас да се посветите на романсата. Замислете љубовна желба и споделете го со универзумот најдоброто сценарио. Истиот ден, Нептун почнува да се движи ретроградно во вашата зона на комуникација, па ќе бидете особено проактивни и јасни. Квадратот на Марс и Плутон бара од вас да создадете граници за да ги заштитите своите емоции.

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Направете мал чекор. Младата Месечина е во Рак во вторник и ве насочува да изградите мали навики за умот, телото и срцето. Истиот ден, Нептун почнува да се движи ретроградно и ве инспирира да и пристапите на сигурноста преку духовноста и навиките кои ве смируваат. Во петок, квадратот на Марс и Плутон ви помага да комуницирате на начин што ќе ви донесе крај на некои ситуации за кои долго размислувавте. 

Прочитајте повеќе тука

РИБИ

Изразете се на најдобриот начин. Младата Месечина во Рак бара од вас да комуницирате со другите и да бидете храбри во тоа. Нептун почнува да се движи ретроградно во вашиот знак во текот на истиот ден и ви дава можност да ја примените мудроста во пракса. Квадратот на Марс и Плутон во петок ви носи можност да ги споделите своите очекувања со пријателите.

Прочитајте повеќе тука.