Неделен хороскоп: 24-30 јануари

Што ни носи хороскопот оваа недела?

Овен

Време е да блеснете, драги Овни. Марс влегува во Јарец во понеделник, а тоа значи дека ќе бидете посветени на вашата кариера и прогресот на кој долго се надевате. Внимавајте како ќе комуницирате со другите, бидејќи Меркур е ретрограден, а тоа може да ве направи поимпулсивни од вообичаено. Бидете внимателни и љубопитни, не бесни. Ретроградната Венера завршува во сабота и носи подобри љубовни односи, но и комуникација со најблиските. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Марс го започнува своето патување во практичниот Јарец во понеделник, а вам тоа ви носи интелектуално, а веројатно и географско патување кон непознатото. Меркур повторно влегува во Јарец во вторник и ви помага да идентификувате што имате научено и како тоа да го пренесете во пракса. Ретроградната Венера завршува во сабота, а тоа ви носи повеќе оптимизам и радост во комуникацијата и односите со другите. 

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Кои се вашите желби? Марс во Јарец во понеделник ќе ве инспирира да си го поставите ова прашање и да дојдете до одговори кои ќе ги примените во пракса. Меркур влегува во Јарец во вторник и ќе ве инспирира да бидете похрабри во однос на изразувањето на своите желби. Венера го завршува своето ретроградно патување во Јарец во сабота, а тоа значи можност повторно да се поврзете со саканата личност и вашите пријатели.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Време е да ја напуштите својата сигурна зона. Марс влегува во Јарец во понеделник и ви носи енергија со која спротивностите ќе се привлекуваат, а тоа можеби ќе ви биде непријатно на почеток, но потоа ќе ви се допадне. Во вторник, Меркур влегува во Јарец и ви носи разговори и конечен крај со некои луѓе од минатото. Венера го завршува своето ретроградно патување во Јарец во сабота и ви носи хармонија во односите со другите луѓе.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Почнете со мали чекори, драги Лавови. Марс влегува во Јарец во понеделник и бара од вас да се посветите на целите со тоа што ќе одите чекор по чекор. Меркур иако ретрограден повторно влегува во Јарец во вторник и ви носи силен фокус и концентрација, па и можност да го исполните тоа што го сакате на тој начин. Ретроградната Венера завршува да се движи во Јарец во сабота, а тоа ги подобрува вашите односи со другите луѓе.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Дозволете им на другите да ве запознаат. Марс влегува во Јарец во понеделник, давајќи ви храброст да бидете ранливи, но и храбри преку тоа. Меркур повторно влегува во Јарец во вторник правејќи ве склони кон ризик и заинтересирани за несигурноста. Венера завршува да се движи ретроградно во сабота, а тоа ви носи поголема самодоверба во љубовните односи.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Вашата емоционална интелигенција се зголемува. Марс влегува во Јарец во понеделник и ве инспирира да го слушнете тело и сигналите кое тоа ви ги испраќа, првенствено преку вашите емоции. Меркур повторно влегува во Јарец во вторник и ви носи можност да утврдите некои важни емоции кои ги поседувате. Венера конечно го завршува своето ретроградно патување во сабота, а тоа ви носи повторно поврзување со вашите најблиски. 

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Комуникацијата е најважна во односите со другите. Марс влегува во Јарец во понеделник и ви помага повнимателно да разговарате и да ги слушате другите. Меркур влегува во Јарец во вторник носејќи ви интересни искуства, а Венера престанува да се движи ретроградно во Јарец во сабота носејќи ви можност да се навратите на градење добри односи со оние околу вас. 

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Приземјете се. Марс влегува во Јарец во понеделник ви помага да најдете важна стратегија за да ја подобрите својата добростојба и да се посветите на задоволствата. Во вторник, Меркур влегува во истиот знак и ве инспирира да живеете според своите вредности. Во сабота, Венера престанува да се движи ретроградно во Јарец, а тоа носи период на затоплување на односите. 

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Ова е уште ваш период. Марс влегува во вашиот знак во понеделник и за прв пат после две години ви носи неверојатна харизма, енергија и страст. Следниот ден, Меркур повторно се враќа во вашиот знак носејќи ви силни емоции, фокус и нови победи. Во сабота, Венера го завршува своето ретроградно патување во вашиот знак што значи дека е време за емпатија, разбирање и љубов.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Среќен роденден, драги Водолии! Марс влегува во Јарец во понеделник и ви носи можност да се ослободите од оние навики кои не ви носат ништо добро. Следниот ден, Меркур влегува во истиот знак и ве инспирира да се посветите на интуицијата и духовноста. Во сабота, Венера престанува да се движи ретроградно во Јарец што ви носи јасно разбирање на љубовта. 

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Потребни ви се другите луѓе. Во понеделник, Марс влегува во Јарец помагајќи ви да најдете нови пријатели за заедничка цел. Меркур повторно влегува во Јарец во вторник и ви носи поврзување со пријателите со кои имате заедничка историја. Венера престанува да се движи ретроградно во сабота и ви помага да разберете како да и се приближите на саканата личност.

Прочитајте повеќе тука.