Неделен хороскоп: 23-29 мај

Ни пристигна хороскопот за претстојната недела. Што ги очекува хороскопските знаци?

ОВЕН

Оваа недела, ја активира вашата дванесетта куќа на соништа и краеви. Тоа значи дека имате тест од универзумот конечно да ставите крај на некоја приказна од минатото, но и да ги анализирате вашите соништа кои имаат што да ви кажат. На 24 мај, доаѓаат промени за вас со оглед на тоа дека Марс се враќа во вашиот знак за прв пат по 2020 година. На 25 мај, Месечината ги здружува силите со Марс и Јупитер во вашиот знак и ви носи можност да погледнете во себе и да обрнете внимание како се чувствувате. Само, внимавајте – избегнувајте ги кавгите со надредените и соработниците. На 28 мај, Венера влегува во Бик и ви носи стабилност во вашата втора куќа на финансии. Бидете благодарни за тоа што го имате.

Прочитајте повеќе тука

БИК

Се подготвувате да затворите важно поглавје во вашиот живот и тоа е за добро, драги Бикови! Месечината е во Риби во вашата единаесетта куќа на заедница, а таа ги здружува силите со Марс и Нептун на 24 мај. Тоа значи дека ќе посакувате да се дружите и да минувате време со другите, но ќе бидете и интроспективни. Ова ви носи сонувачка енергија па можно е да бидете склони кон идеализирање. Марс влегува во Овен оваа недела во вашата дванаесетта куќа на краеви што ви помага да се ослободите од она што не ви служи и притоа да се најдете на нов животен пат. Но, бидете внимателни бидејќи со конјункцијата на Плутон и ретроградниот Меркур на 25 мај, можно е враќање на минатото во вашиот живот. На 28 мај, вашата планета Венера се враќа во вашиот знак што ќе ве поттикне да водите поголема грижа за себеси.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Ова е вашата сезона, па подгответе се за славење. Месечината е во вашата десетта куќа на кариера и репутација, што значи дека одвај ќе чекате да се одморите од сите активности оваа недела. Ретроградниот Меркур излегува од вашиот знак и влегува во Бик во вашата куќа на соништа, па можно е да се соочите со проблеми во спиењето. Најдете време добро да одморите и не се занимавајте со длабоки анализи кои ќе ве истоштат. Месечината прави конјункција со Јупитер и Марс на 24 мај и ве потсетува дека вашите соништа се важни. Штом знаете што сакате, успехот лесно ќе дојде до вас. На 25 мај, ретроградниот Меркур прави тригон со Плутон, што може да донесе интензитет во вашите односи со другите, па ќе треба да внимавате на вашите зборови. Читајте меѓу редови.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Вашата перцепција за светот се менува на многу начини, драги Ракови. Месечината во Риби бара од вас да заборавите на емоциите и да се потрудите да бидете рационални за да дојдете до добри резултати. Сонцето прави секстил со планетата Јупитер и ве инспирира да преземете лидерство и да се ослободите од сомнежот во себеси. Меркур е ретрограден и повторно влегува во Бик во вашата единаесетта куќа на дружење и заедници. Ако имавте некаква цел или идеја која долго чекаше да се реализира, ова е вистинскиот момент за тоа.

Оваа недела ви носи и одлична соработка која ќе ве направи особено среќни. Ќе развивате партнерства со луѓе на кои можете да се потпрете и да им верувате. Особено, енергијата на Марс кој верува во Овен ви носи и самодоверба за тоа. 

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Како можете да ги подобрите личните и професионалните партнерства, драги Лавови? Оваа недела почнува со Месечината во Бик која минува низ вашата осма куќа на сродни души што може да ви донесе потреба да излечите некои рани од минатото. Не ги туркајте работите под тепих, туку погледнете во себе и посветете се на она што треба да се реши. Темите поврзани со здравјето се важни за вас оваа недела, бидејќи ќе треба да обрнете внимание на вашата благосостојба.

На 24 мај, Венера е во хармонија со Сатурн во вашиот сектор на љубовните односи и ви носи можност да се поврзете со луѓето кои ви значат. На истиот ден, Марс прави конјункција со Јупитер и Венера во Бик, што значи дека ќе бидете инспирирани да тргнете кон непознатото. Ден потоа, на 25 мај, ретроградниот Меркур преминува во Бик и ви носи промени во вашите дневни навики. Но, бидете внимателни околу 27 август кога можно е да имате големо его или пак да се соочите со личност која лошо ќе ви пристапи.

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Не постои ништо лошо во тоа да ја кажете вистината, но чувањето бес во себе нема да ви донесе ништо добро. Ова е нешто што треба да го имате на ум оваа недела, со Месечината во Риби во вашата куќа на согласувања, компромиси и важни личности. Меркур е уште ретрограден и влегува во Бик на 24 мај, па ќе побара од вас да се вложите во нешто важно. Ако сте во потрага по нова работа, покажете дека ви е важно тоа. 

Мали проблеми настануваат со конјункцијата на Месечината со Марс и Нептун кога можно е да имате дилеми во однос на љубовниот однос во кој се наоѓате. Како и да се чувствувате, комуникацијата е клучна овој период. Ослободете се од желбата за контрола на 27 мај. Приземјете ја својата енергија.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Вие поминувате низ специфичен период, па одете чекор по чекор, драги Ваги. Оваа недела, Месечината е во Риби во вашата шеста куќа на дневни навики што значи дека ќе треба да се ослободите од оние навики кои веќе не ви носат ништо добро. Меркур е ретрограден и повторно влегува во Бик па можно е да посакате да ставите крај на некое пријателство или љубовен однос кои веќе не ви служат. Сонцето е во хармонија со среќниот Јупитер во вашиот сектор на љубовните односи, што значи дека можно е овој транзит да донесе можности да истражите нови хоризонти. 

Имајте на ум дека со конјункцијата на Месечината, Марс и Нептун во вашата шеста куќа може да ве направи неспокојни и да ви донесе нервоза со која нема да знаете како да се справите. Најдете време за одмор, поминете време сами со себе и препуштете се. Последните три дена од неделата водете грижа за себеси и пробајте да го сочувате мирот. 

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Дали го следите своето срце? Месечината во Риби е во вашата петта куќа на љубов, страсти и задоволство на 22 мај и ви носи инспирација да се ослободите од она што веќе не ви носи задоволство. Ова има дополнителна смисла со влезот на ретроградниот Меркур во Бик во вашата хармонична седма куќа на партнерства и компромиси. Тоа ќе побара од вас да се навратите на некој важен разговор или партнерство, лично или професионално. На 24 мај, Венера креира сладок секстил со Сатурн што ви носи одлична основа да почнете да градите подобри навики во вашиот живот. Можно е враќање на личност од минатото околу 25 мај кога Меркур прави конјункција со Плутон. Венера влегува во стабилниот Бик на 28 мај и ви помага да се ослободите од своите грижи и да се посветите на дружбите. 

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Грижата за себеси ќе ви помогне и подобро да се грижите за другите, драги Стрелци! На 22 мај, Месечината е во Риби во вашата четврта куќа на домот и семејните прашања што ќе ве потсети дека треба да сте нежни кон себеси. Сонцето прави конјункција со планетата на среќата Јупитер во вашата петта куќа на љубов и романса, па можно е овој ден да ви донесе чувства за една посебна личност.

На 27 мај, можно е да се соочите со борба меѓу срцето и умот, па направете го најдоброто за себеси. Сепак, чувајте се од борбата за контрола и манипулативните тенденции. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Не можете да згрешите ако ја изберете вистината, а вие најдобро го знаете тоа, драги Јарци! На 22 мај, Месечината е во Риби активирајќи ја вашата куќа на комуникација и носејќи ви потреба да го смирите умот. Можно е да направите промени во вашите дневни рутини и тоа ќе ви дојде добро овој период. 

Месечината прави конјункција со Марс и Нептун во Риби па внимавајте да не се сомневате во себеси овој период и поврзете се со енергијата која ви носи највеќе среќа. На 25 мај, ретроградниот Меркур прави тригон со Плутон во вашиот знак што би значело дека ќе добиете уште една можност да ја кажете својата вистина, особено на полето на љубовта или пак во некој креативен проект во кој сте вклучени. Бидете внимателни околу 27 мај кога Венера е во судир со Плутон и ви носи проблеми поврзани со љубомората и борба за контрола.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Не се сомневајте во себеси, драги Водолии! Ова е особено важно на 22 мај кога Месечината е во Риби во вашата втора куќа на стабилност и вредности. Можно е да сфатите дека сте заборавиле на своите емоции и дека е повторно време да им се навратите. Сонцето прави хармонија со Јупитер во вашата трета куќа на комуникација, што ќе ви помогне лесно да се изразите, а ова е и одличен ден за одмор и кратко патување. На 24 мај, со секстилот на Венера и Сатурн големи се шансите за официјализирање на вашата врска или некое бизнис партнерство.

Но, имајте на ум дека на 25 мај, ретроградниот Меркур влегува во Бик и ви носи серија на емоционални откритија, но не сите од нив ќе бидат пријатни за вас. Препознајте што е добро за вас, а она што не е, сфатете го како предизвик на кој треба да поработите. 

Прочитајте повеќе тука

РИБИ

Вашите емоционални потреби се важни, драги Риби! Ова е важно особено на 22 мај кога Месечината е во вашиот знак во вашата прва куќа на личноста и со хармонија со Плутон во единаесеттата куќа на заедницата. Можно е да се предомислите за нешто што е важно и да ги изненадите другите околу вас. 

Марс и Венера ги здружуваат силите во Овен носејќи ви сигурност, што значи и самодоверба за вас. На 25 мај, ретроградниот Меркур ќе се сретне со Плутон што ќе ви донесе поврзување со пријател од минатото или колега. Венера прави квадрат со Плутон на 27 мај што може да го зголеми вашето его, па треба да сте внимателни на овој ден. 

Прочитајте повеќе тука.