Неделен хороскоп: 23-29 јануари

Влегуваме во седмица во која сите планети се движат директно и во која енергијата е полесна, подобра и поромантична.

Photo by Julio Rivera on Unsplash

Што ги очекува хороскопските знаци?

ОВЕН

Време е за крај, драги Овни. Во четврток, Венера влегува во Риби во вашата зона на краеви и ве инспирира да се ослободите од некои верувања и ставови кои ве ограничуваат, но и од луѓе кои ве држат заглавени во место. Во недела, со тригонот на Сонцето и Марс ќе успеете да се поврзете со пријателите и да водите интересна дискусија која ќе ви помогне да дојдете до поголемо разбирање и емпатија. 

Прочитајте повеќе тука.  

БИК

Пријатели, љубовници или и едното и другото? Во четврток, романтичната Венера влегува во вашата зона на пријателствата и ве инспирира намерно да ги замаглите границите меѓу едно пријателство и романса. Дозволете и на љубовта да се случи. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ве држи приземјени и продуктивни, но и проактивни во работата.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Поврзаност и компетенции, драги Близнаци. Во четврток, Венера влегува во Риби во вашата зона на кариера и  ве потсетува на потребата од квалитетни меѓучовечки односи на работното место, но и компетенции за успех во работата. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ве поттикнува да бидете љубопитни и отворени за нови идеи. 

Прочитајте повеќе тука.  

РАК

Љубов на далечина? Венера влегува во вашата зона на патувања во четврток и ви носи љубов на далечина, без оглед на тоа дали станува збор за географска разлика или пак голема карактерна разлика. Дозволете му на овој транзит да ве научи некои нешта. Во недела, тригинот на Сонцето и Марс е емотивен за вас, па затоа бидете љубопитни, грациозни, но и нежни кон себе и другите.

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Што значи интимноста за вас, драги Лавови. Венера влегува во Риби во вашата зона на интимност носејќи ви искуства, желби и односи со што ќе откриете големи вистини за себе, но ќе дојдете и до поврзаност и задоволство. Тригонот Сонце – Марс во недела од вас бара да внесете повеќе длабочина во вашите љубовни и пријателски односи. 

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Спротивностите се привлекуваат? Венера влегува во Риби во вашиот сектор на романса во четврток и ве потсетува дека хемијата некогаш постои и како контраст, а тогаш е и најсилна. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс бара од вас да дојдете до креативни решенија на работното место.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Сè е во малите нешта. Венера влегува во вашата зона на детали во четврток и ви помага да ги забележите малите нешта на кои не сте обрнувале внимание во изминатиот период. Голем дел од вашиот однос со другите луѓе се должи токму на овие детали и нивното препознавање. Во недела, тригонот Сонце-Марс ви носи самодоверба и оптимизам.

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Дали сте подготвени да бидете забележани од другите? Во четврток, со влегувањето на Венера во Риби, ќе привлекувате луѓе и искуства кои ќе ви донесат силна рефлексија кон себеси. Ќе се чувствувате почитувано, разбрано и ценето поради она што сте. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ви носи јасна комуникација и емоционална интелигенција.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Дали луѓето можат да бидат вашиот дом, драги Стрелци? Венера влегува во Риби во вашата зона на припаѓање во четврток и ви носи искуства и ситуации кои ви носат емоционална сигурност, поврзаност и убаво чувство. На овој начин, вашите меѓучовечки односи ќе цветаат. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ви носи поголемо разбирање, но и промена на некои ваши ставови. 

Прочитајте повеќе тука

ЈАРЕЦ

Комуникацијата е клучна! Венера влегува во Риби во четврток и ви помага да се изразите креативно, но и да покажете емпатија и љубов кон другите. Тригонот на Сонцето Марс во недела од вас бара да изразите како се чувствувате, но и да го следите балансот меѓу умот, душата и телото. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Среќен роденден, драги Водолии! Венера влегува во Риби во вашата зона на емоционална сигурност носејќи ви можност да ги примените своите вредности во пракса. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ви помага да споделите одредена мисла, чувство и надеж кон некој што сака да го слушне тоа. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Ова е недела кога треба да се препуштите на судбината! Венера влегува во вашиот знак во четврток што ве носи на вистинското место во вистинско време и ви помага романтично да се поврзете со вистинската личност. Во недела, тригонот на Сонцето и Марс ви помага да нормализирате како се чувствувате и да заборавите на негативните емоции и скептицизмот за да го победите стресот.

Прочитајте повеќе тука.