Неделен хороскоп: 22-28 ноември

Во понеделник почнува сезоната на Стрелците, а тоа ни носи повеќе спонтаност, авантури а и можни патувања.

Овен

Размислувајте за вашата визија, не само за условите. Меркур влегува во Стрелец во среда носејќи ви надеж, можности, но и пристап кој е насочен кон решенија. За време на опозицијата на Месечината со Сатурн во четврток ќе се јави конфликт меѓу одговорноста и желбите, па пробајте да балансирате. Во недела, конјункцијата, ќе почувствувате одлична доза на оптимизам која ќе ви донесе резултати.

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Вистината е специфична, драги Бикови. Во понеделник почнува сезоната на Стрелците која ви носи полесна енергија и спонтаност. Во среда, Меркур влегува во Стрелец и ви помага да ја разберете комплексноста на вистината. За време на опозицијата на Месечината и Сатурн ќе успеете да ја најдете хармонијата меѓу личниот живот. За време на конјункцијата на Сонцето и Меркур во понеделник, истражете ја вашата сексуалност и интимност.

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Спротивностите се привлекуваат. Меркур влегува во вашиот опозициски знак Стрелец во среда и ви носи зголемена доза на размислување и одговорност. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината, вашиот ум ќе успее да ја види и малата и големата слика. Конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела е романтична, па ви носи слатка љубовна приказна.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Време е да се вратите кон центарот, драги Ракови. Меркур влегува во Стрелец во среда и го насочува вашето внимание кон рутината, добросостојбата и менталното здравје. За време на опозицијата на Месечината и Сатурн во четврток, ќе посакате да се вклучите во ризици и да верувате целосно. Конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела ви носи проактивна енергија кон соочување со стресот и подобра енергија.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Потсетете се на својата вредност. Меркур влегува во Стрелец во среда и ви носи искуства кои ќе ви помогнат да сфатите дека заслужувате љубов, радост и успех. За време на опозицијата на Месечината и Сатурн во четврток ќе треба да се насочите кон тоа да им возвратите на оние кои постојано ви даваат поддршка. Дајте напор за тоа! Во недела со конјункцијата на Сонцето и Меркур ќе успеете успешно да се отворите кон некоја личност. 

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Дајте им име на емоциите. Меркур влегува во интелигентниот Стрелец во среда инспирирајќи ве да се насочите кон тоа што го чувствувате. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината во четврток ќе се чувствувате како да сте далеку од реалноста и тешко ќе ви биде да се приземјите. За време на конјункцијата на Сонцето и Меркур, продлабочете се и нурнете во своите емоциите, бидете искрени кон себеси.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Бидете добри, но не и наивни. Во среда Меркур влегува директно во Стрелец и ве потсетува да бидете љубезни и добри, но не и наивни кон другите. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината во четврток, ќе успеете да постигнете хармонија и слобода. Со конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела, ќе се потсетите дека јасната комуникација е клуч за успехот на многу полиња.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Слушнете го сопственото тело. Меркур влегува во Стрелец во среда давајќи ви можност да го слушнете сопственото тело и да постапите кон подобрување на добросостојбата. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината во четврток доаѓа до големи промени на полето на кариерата, а конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела ве учи како подобро да се грижите за финансиите.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Ова е период на промени. Вашата сезона почнува во понеделник и ви носи поубава енергија и период на славење. Меркур влегува во вашиот знак во среда давајќи ви јасна енергија, креативност и можност активно да ги слушнете другите. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината ќе бидете заинтересирани за деталите, а конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела ве прави ориентирани кон радоста и заинтересирани за другите.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Не заборавајте на одморот, драги Јарци. Меркур влегува во Стрелец во среда и ви носи можност да ја најдете својата креативност и да се одморите. За време на опозицијата на Месечината и Сатурн во четврток потрудете се да го слушнете телото и да вежбате за да пронајдете баланс. Во недела со конјункцијата на Сонцето и Меркур, фокусирајте се на убавината и задоволството и заборавете на потребата да бидете постојано продуктивни.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Поврзете се со другите, драги Водолии! Меркур влегува во Стрелец во среда и ве поврзува со вашите најблиски за време на оваа недела, но и целиот месец. Опозицијата на Месечината и Сатурн во четврток ви носи емоции кои ќе ви помогнат да разберете некои нешта. Благодарение на конјункцијата на Сонцето и Меркур, недела ќе биде среќен ден за најсаканите!

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Имајте верба. Меркур влегува во Стрелец во среда и ќе посакате да се поврзете со визијата и вербата за да постигнете големи цели и да покажете лидерство на работното место. За време на опозицијата на Сатурн и Месечината во четврток, потсетете се да бидете проактивни за своето здравје. Конјункцијата на Сонцето и Меркур во недела ви дава можност да го аплицирате своето професионално искуство и знаење за голем успех.

Прочитајте повеќе тука.