Неделен хороскоп: 22-28 мај

Што ни носи оваа недела?

Photo by Joel Henry on Unsplash

ОВЕН

Проширете ја комуникацијата. Сезоната на Близнаците ве инспирира да ги подобрите своите комуникациски вештини преку отворени прашања и слушање. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ве мотивира да внесете нови вредности во вашиот живот. секстилот на Венера и Уран ви носи релаксација, па затоа ставете приоритет на задоволството.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Останете приземни. Почетокот на сезоната на Близнаците ви носи смиреност по долгиот и енергичен период на владеење на вашито знак. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви помага да воспоставите граници за да дојдете до емоционална сигурност, но и да ја заштитите својата енергија од другите. За време  на викендот, секстилот на Венера и Уран ви помага да бидете добри комуникатори на полето на љубовта.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Среќен роденден, драги Близнаци! Универзумот ги става вашите желби на врвот на приорититети и ви носи убава недела. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер од вас бара да разберете нови нешта. За време на викендот, секстилот на Венера и Уран од вас бара да се посветите на сегашноста, а не минатото. Ова особено се однесува на полето на љубовта. 

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Време е за мала пауза. Сезоната на Близнаците ве инспирира да направите мала пауза, пред почетокот на вашата сезона. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ве носи вам и вашите пријатели кон нови можности. За време на викендот, секстилот на Венера и Уран ви помага да запознаете нови луѓе. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Време е за мала пауза. Сезоната на Близнаците за вас носи заокружување на еден продуктивен и успешен период, па сега  е време да се поврзете со пријателите. Квадратот на Марс и Јупитер во вторник инспирира голема професионална промена во согласност со вашите вредности. За време на викендот, секстилот на Венера и Уран од вас бара да ги примените оние работи кои вообичаено ги избегнувате. Тоа ќе ви донесе успех, но и позитивна промена. 

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Убава недела е пред вас. Доаѓа позитивен период на полето на кариерата, со тоа што сезоната на Близнаците ви помага да ги исполните своите соништа. Бидете појасни во однос на своите цели и дозволете им на другите да ви помогнат. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви носи повеќе верба во иднината. За време на викендот, секстилот на Уран и Венера од вас бара да тргнете во авантура со своите пријатели.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Ова е недела посветена на патувања и учења. Сезоната на Близнаците ве поттикнува да тргнете на нови патувања и да стекнете нови вештини. Следете ја својата љубопитност. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви носи простор да поминете време со своите пријатели. Викендот го носи секстилот на Венера и Уран што го насочува вашиот фокус кон некои прашања поврзани со интимноста кои го бараат вашето внимание.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Интимноста почнува во умот. Сезоната на Близнаците ве потсетува дека мозокот е најеротскиот орган во нашето тело. Пристапите на интимноста од поинаков агол и препуштете се на уживањето. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви помага да поставите граници со цел да дојдете до подобар баланс меѓу работата и личниот живот. Овој викенд, секстилот на Венера и Уран ви носи оптимизам и верба во романсата. 

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Љубовта е во воздухот. Сезоната на Близнаците носи романтична нота, а тоа во вашиот живот внесува љубовна хемија во која често и спротивностите се привлекуваат. Подгответе за уживање, раст, радост. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер од вас бара да најдете баланс меѓу малата и големата слика. Викендот го носи секстилот на Венера и Уран што ви помага да најдете уживање во малите нешта.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Мали чекори, драги Јарци. Сезоната на Близнаците ви помага да постигнете одредена цел, но само ако се посветите на мали чекори кои ќе ве донесат до успехот. Не прифаќајте повеќе од она што можете да го направите. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви помага да останете ранливи и да се соочите со она што го чувствувате. Викендот го носи секстилот на Венера и Уран, а тоа за вас значи романса и уживање. Следете го срцето!

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува огромна самодоверба, оваа недела. Сезоната на Близнаците ви носи искуства и можности кои ќе ви покажат колку вредите. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер ви помага да дојдете до емоционална сигурност и поврзување со другите, особено кога станува збор за семејството. За време на викендот, секстилот на Венера и Уран ве потсетува на важноста на мирот и уживањето.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Што значи домот за вас? Сезоната на Близнаците ви носи идеи и искуства посветени на домот, уживањето и семејството. Затоа, пуштете ја љубопитноста да го направи своето. Во вторник, квадратот на Марс и Јупитер од вас бара да ја слушнете мудроста на своето тело. Викендот го носи секстилот на Венера и Уран, а тоа ви помага да бидете романтични и ранливи.

Прочитајте повеќе тука.