Неделен хороскоп: 20-26 март

Оваа недела ни започнува новата астролошка година, со почетокот на владеењето на Овните.

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

Што им носи почетокот на пролетта на хороскопските знаци?

ОВЕН

Среќен роденден, драги Овни. Вашата сезона започнува во понеделник, а тоа ќе ве инспирира да се фокусирате на вашите соништа. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на заедница каде ќе остане во следните 20 години и ќе ве поттикне да најдете повеќе значење во дружењето со вашите пријатели. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашиот сектор на домот и ви помага да најдете луѓе и места кои ќе направат да се чувствувате како дома.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Потребен ви е одмор. сезоната на Овните почнува во понеделник, а тоа за вас значи период на одмор и релаксација. Тоа ви е потребно, па затоа не го избегнувајте. Во четврток, Плутон влегува во Водолија каде ќе остане во следните 20 години, а за вас, главната тема е кариерата. Во сабота Марс влегува во Рак во вашата зона на комуникација, што ќе ви помогне да се изразите подобро и поефективно.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Време е за одмор! Сезоната на Овните почнува во понеделник и ве повикува да ја намалите својата продуктивност и да се насочите кон својот друштвен живот. Во четврток, Плутон  во четврток влегува во Водолија во вашата зона на мудроста, каде ќе остане во следните 20 години, забрзувајќи го вашето учење. Марс влегува во Рак во сабота, што ќе ве инспирира да ги примените своите вредности во пракса.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Вие сте главната ѕвезда. Во понеделник започнува сезоната на Овните, а за вас тоа носи напредок на полето на кариерата. Подгответе се за ново поглавје. Плутон влегува во Водолија во четврток каде ќе остане во следните 20 години, помагајќи ви да разберете како подобро да се поврзете со другите луѓе. Во сабота, Марс влегува во вашиот знак и ви носи енергија, страст, ентузијазам и храброст за да ги следите своите соништа.

Прочитајте повеќе тука.   

ЛАВ

Среќен пат, драги Лавови. Во понеделник започнува сезоната на Овните која од вас бара да ги проширите своите хоризонти преку патување и дополнително учење. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашиот сектор на романса, каде ќе донесе огромна трансформација на ова поле во следните 20 години. Во сабота, Марс влегува во Рак што ќе ви помогне да се ослободите од некои начини на размислување или однесување кои ве кочат.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Која е вашата вистина? Сезоната на Овните почнува во понеделник и ве инспирира да ја разберете автентичноста преку интимност, сексуалност и самооткривање. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на добросостојба каде ќе остане во следните 20 години и ќе ви донесе сосема ново поглавје на полето на здравјето и добрите навики. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашиот сектор на пријателства, што ќе ве инспирира да се поврзете со оние кои ви значат, но и да изградите нови пријателства.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Љубовта е во воздухот. Сезоната на Овните започнува во понеделник што го означува најромантичниот период за вас, оваа година. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на вредности, каде ќе остане во следните 20 години. Тоа ќе ви помогне да вложувате во себе, но и да ја зголемите својата самодоверба. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашиот сектор на кариера, што ќе ве инспирира да се фокусирате на самовработување, лидерство и слобода на ова поле. 

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Направете мал чекор. Сезоната на Овните почнува во понеделник и ви помага полека да се придвижите кон градење подобра добростојба за себе. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на домот каде ќе остане во следните 20 години. Марс влегува во Рак во вашата зона на мудрости во сабота, а тоа ви носи поттик за раст и откривање нови места. 

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Изразете се онака како што ви е потребно. Со почетокот на сезоната на Овните во понеделник, ќе успеете да соберете храброст и да ја споделите својата вистина со другите. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на комуникација со што во следните 20 години ќе ви донесе голем успех и самодоверба на ова поле. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашиот сектор на интимноста, мотивирајќи ве да ги покажете своите чувства. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Ова е убав период за вас. Во понеделник, кога Сонцето влегува во Овен ќе чувствувате потреба да минувате време со луѓето кои прават да се чувствувате како дома. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на приходи, каде ќе остане во следните 20 години. Ова е транзит кој ќе го смени начинот на кој трошите и заработувате. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашиот сектор на романса што ќе ве инспирира да бидете отворени за зближување и надминување на конфликтите.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Искористете ги своите зборови. Сезоната на Овните почнува во понеделник, а тоа ви носи можност јасно и отворено да се изразите. Во четврток, Плутон влегува во вашиот знак за прв пат во 250 години, што за вас носи огромна трансформација. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашата зона на добросостојба, а тоа ќе ве мотивира  да разберете подобро што ви носи радост и исполнетост.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Приземјете се. Сезоната на Овните која почнува во понеделник ќе ве поттикне да бидете присутни и да примените смиреност. Во четврток, Плутон влегува во Водолија во вашата зона на краеви, што ќе ви донесе големо ослободување од некои стари спомени и ситуации. Ова е транзит кој трае 20 години. Во сабота, Марс влегува во Рак во вашата зона на храброст, мотивирајќи ве ја споделите својата вистина.

Прочитајте повеќе тука.