Неделен хороскоп: 20-26 јуни

Што ги очекува хороскопските знаци оваа недела?

Среќно лето! На 21 јуни ни доаѓа сезоната на Раковите но и летната рамноденица. Во среда, се менува енергијата и Венера влегува во комуникативните Близнаци.

ОВЕН

Убаво е да се биде дома! Сезоната на Раковите почнува во вторник и ви носи инспирација и поттик да бидете љубопитни, конкретни и ориентирани кон својата емоционална сигурност. Кои се местата и луѓето кои ви носат сигурност и прават да се чувствувате како дома? Во среда, Венера влегува во Близнаци што ја интензивира интелигенцијата, комуникацијата и љубопитноста за вас. Тоа е она што ќе го барате и очекувате од другите.

Прочитајте повеќе тука

БИК

Како комуницирате со другите, драги Бикови? Во вторник почнува сезоната на Биковите и ви помага да ја подобрите комуникацијата за да се отворите себеси кон другите и кон светот. Време е да го подобрите начинот на кој комуницирате, особено околу она што го чувствувате. Вашата планета Венера влегува во Близнаци во среда и ви носи задоволство и сигурност.

Прочитајте повеќе тука

БЛИЗНАЦИ

Што е следно, драги Близнаци? Вашата сезона завршува во вторник, а со почетокот на владеењето на Раковите, ќе биде инспирирани да го преземете следниот чекор кон исполнување на вашите цели. Во среда, Венера влегува во Близнаци и ви носи фокус кон романсата и љубовните врски. Ќе бидете харизматични, сигурни во себе и тоа ќе биде заразно за другите. Препуштете се на уживањето.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Среќен почеток на вашата сезона, драги Ракови! Во вторник, Сонцето влегува во вашиот знак во првата куќа на вашата личност. Ќе бидете самоуверени, шармантни и неодоливи, а вашиот фокус ќе биде насочен кон емоционалната интелигенција, лојалноста, поддршката и љубовта кон своите најдраги. Во среда, Венера влегува во Близнаци и ви помага да се ослободите од некои рани од минатото. 

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Време е за пауза. Во вторник, со почетокот на сезоната на Рак ќе посакате да направите пауза и да не се оптоварувате премногу. Ова е вашиот годишен момент да одморите, да рефлектирате и да ги наполните батериите. Венера влегува во Близнаци во среда и ви носи романса, но и убаво време поминато со пријателите. 

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Намалете ја работата. Сезоната на Раковите почнува во вторник и ви носи потреба да работите помалку, а повеќе да се социјализирате. Изминатите месеци си докажавте дека со напорна работа, соништата се исполнуваат. Затоа, прославете го тоа со своите најблиски. Во среда, Венера влегува во Близнаци и ви носи професионални парнерства кои носат взаемна корист на долг рок. 

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Како се чувствувате? Во вторник, со почетокот на сезоната на Раковите, ќе бидете инспирирани да погледнете во себе, во своите емоции. Освен тоа, постои можност за поврзување на она што го чувствувате со вашиот професионален успех. Венера влегува во Близнаци во среда и ве поканува да се поврзете со луѓе кои можат многу да ве научат за љубовта и припаѓањето.

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Време е за патувања, драги Шкорпии. Со почетокот на сезоната на Раковите, ќе се подготвите за нови места или пак ќе добиете идеја да го проширите своето образование. Венера влегува во Рак во среда и ве потсетува дека поврзаноста некогаш се случува преку интимноста и интелектуалниот аспект. Поврзете се со некоја важна личност преку еротиката и сексуалноста.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Нурнете во непознатото. Сезоната на Раковите почнува и ве инспирира да навлезете во важни теми како интимноста, сензуалноста, задоволството и значајните врски. Посветете се на тоа да ги разберете другите, но и да бидете јасни во комуникацијата за да бидете разбрани. Во среда, Венера влегува во Близнаци и ви носи хемија во вашите љубовни односи.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Ослободете се од контролата, барем малку. Вторник ни го носи почетокот на владеењето на Раковите, каде ќе научите да давате онолку колку што добивате назад. Венера влегува во Близнаци во среда и ви носи можност да се подобрите себеси во оние аспекти кои се важни за вашето живеење. Поминете време со оние кои ве инспирираат.

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Направете мал чекор напред, драги Водолии!Со почетокот на сезоната на Раковите во вторник, време е да се фокусирате на своето ментално здравје и добростојба. Ќе успеете да направите голем прогрес, само ако направите мали чекори и покажете грижа за своето ментално, емоционално и духовно здравје. Во среда,  Венера влегува во Близнаци и ви носи самодоверба и сексапил во вашите љубовни односи. Вие ја заслужувате љубовта која ја добивате.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Време е да ја осознаете својата вредност. Во вторник почнува сезоната на Раковите, што вас значи ослободување од навиките кои ве спречуваат да бидете најдобрата верзија од себеси. Запаметете дека навистина вредите, но истовремено фокусирајте се и на своето подобрување и развој. Во среда, Венера влегува во Близнаци и ви носи сигурност и чувство на топлина во љубовта.

Прочитајте повеќе тука