Неделен хороскоп: 2-8 август

Што им носи првата недела од август на хороскопските знаци?

Овен

Ова е недела во која вашата емоционална сигурност ќе ја барате во своите пријателства. Во понеделник настапува опозиција на Сонцето со Сатурн што ќе ве натера да се запрашате дали вреди ризикот кој го вложувате во сите нешта околу вас периодов. Во вторник, со тригонот на Венера и Уран ќе успеете да се поврзете со своите вредности и да си дадете себеси поддршка за да ја подобрите благосостојбата и менталното здравје. Младата Месечина во Лав која доаѓа во недела од вас бара да бидете ранливи, храбри, но и да се цените себеси.

Работа

Ако сте вредни и упорни, ве очекува добивка. Тоа значи дека ќе можете да планирате вонредно купување, нешто што одамна сте го посакувале. Ако имате можност да избирате меѓу две работи, тогаш најверојатно ќе се одлучите за онаа работа која е подобро платена, но прво испитајте ги сите услови. Оваа недела имате можност да го подобрите и статусот на работа, а за некои Овни доаѓа можност за хонорарна работа.

Љубов

Иако често сте спонтани и детинести, ова е период кога треба да се поставите малку порационално кога станува збор за љубовта. Секоја преинтензивна емоција или субјективен став може да ви донесе проблем на ова поле без оглед на тоа дали сте сами или во врска. 

Здравје

Бидете внимателни од повреди на работното место.

Бик

Која е улогата на вашето срце на вашето работно место? Со опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ќе размислувате многу за емоционалната интелигенција на полето на работата. Тригонот на Венера и Уран во вторник ви дава основа да ги покажете своите чувства на храбар начин, а младата Месечина во Лав во недела ве поврзува со домот, семејството и луѓето кои ви значат.

Работа

Почетокот на август ви носи можност за проширување на соработката особено со оние личности и компании со кои воопшто не сте ни размислувале да соработувате претходно. Ова е ваш период кога ќе можете да покажете што умеете на работното место. Поддршка во работата ви доаѓа од една Шкорпија, Јарец или Риби. Бидете внимателни во работата со Овните и Лавовите.

Љубов

Се чувствувате прилично сигурно покрај саканата личност и слободни сте да ги изразите своите емоции, што е одлично. За некои Бикови кои се слободни, можно е едно убаво пријателство да премине во љубовна врска. Можно е обновување на врската со Шкорпија или Јарец.

Здравје

Избегнувајте го прејадувањето.

Близнаци

Време е да погледнете на големата слика. Опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ви помага да се фокусирате на деталите, но и на поголемата слика а тригонот на Венера и Уран во вторник ви помага да ставите крај на една приказна од минатото. Во недела настапува младата Месечина во Лав која го осветлува вашето поле на комуникации, пишување и слушање и ви носи шанса за поголем интегритет и успех.

Работа

Се трудите да одржите рамнотежа на вашиот професионален и личен живот, но потребна ви е поддршка. Ако од неодамна сте на ново работно место, би било добро да не почнувате конфликти и со отворен разговор да ги разрешите сите отворени прашања или проблеми. Не е важно кој е во право, важна ви е поддршката овој период. Некои Близнаци ќе отпочнат соработка со странство или ќе преминат на ново, подобро работно место.

Љубов

Ова е период во кој Близнаците ќе чувствуваат силни емоции, а слободните Близнаци ќе имаат можност да се заљубат и тоа да им делува како да е прв пат така силно во нивниот живот. Добро ќе се сложувате со другите воздушни знаци, а можно е недоразбирање со водените знаци.

Здравје

Внимавајте, не останувајте долго на сонце.

Рак

Што ви е поважно, ризикот или довербата? Опозицијата на Сонцето и Сатурн бара од вас да експериментирате и со едното и другото, а тригонот на Венера и Уран во вторник ве поврзува со пријателите за заедничка поддршка. Младата Месечина во недела која настапува во знакот Лав бара од вас да се фокусирате на своите вредности, безбедност и сигурност. Сето тоа за да најдете внатрешен мир.

Работа

Овој период, некои Ракови ќе се инспирираат да аплицираат на нови работни места, а некои од нив можеби ќе добијат работа за која долго размислувале. Оние кои бараат работа, ќе го добијат тоа со помош на блиски пријатели. Ова е седмица во која треба да заборавите на непотребните трошоци, пробајте да се воздржите.

Љубов

Постои можност да влезете во тајна врска со личност која ви се допаѓа подолго време, но треба добро да размислите што ќе ви донесе тоа на долг рок. Ако сте во врска со личност родена во знакот Риби, можни се компликации во комуникацијата.

Здравје

Несоница.

Лав

Среќен роденден, драги Лавови. Опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ви помага да ја балансирате својата независност со тоа како се поврзувате со другите, а тригонот на Венера и Уран во вторник ги става вашите вредности во пракса, особено на работното место и тоа ви носи успех. Младата Месечина во недела доаѓа во вашиот знак ви помага да се фокусирате на вашите желби и соништа.

Работа

Ова е ваш период и една од подобрите седмици за родените во овој знак. Ѕвездите ве советуваат да отпочнете соработка или да побарате поддршка од луѓето родени во знаците Бик, Риби, Вага или Јарец. Пробајте овој период да ја обновите соработката со лица со кои повремено сте биле во конфликт, но кои ги цените. 

Љубов

Не знаете што точно сакате и од кого да побарате совет во однос на тоа што ви се случува. Ќе бидете добро расположени за дружење, па можно е да запознаете интересна личност родена во знакот Овен или Водолија. 

Здравје

Намалете го алкохолот.

Девица

Време е да почнете да размислувате за тоа како се чувствувате и зошто. Опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ви носи стратегија за освежување на телото, умот и духот, а тригонот на Венера и Уран во вторник ви носи романса. Во недела ја имаме младата Месечина во Лав која ви помага да исполните некои свои желби и конечно да ги комплетирате. Време да се ослободите од некои луѓе и навики за да продолжите понатаму.

Работа

Ова е одличен период за оние Девици кои ја сакаат флексибилноста во работата, бидејќи ќе имаат можност да се фокусираат на она што тие го сакаат и кога сакаат. Некои претставници на овој знак ќе тргнат смело во нови потези и тоа ќе им се покаже како навистина исплатливо. 

Љубов

Пред вас е возбудлив период на ова поле. Доаѓаат многу интересни можности, но важно е да бидете тактични и да го направите она што ви одговара. На прв план ќе ви биде романсата во овие топли летни денови. Добро се сложувате со Рак и Риби.

Здравје

Добро се чувствувате.

Вага

Колку сте ценети од другите? Опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ве поврзува со луѓето, а тригонот на Венера и Уран во вторник ви носи излекување од чувствата кои долго стоеја потиснати во вас. Младата Месечина во Лав бара од вас да се фокусирате на полињата поврзани со пријателствата, заедницата и соработката со другите.

Ова е период во кој ви е потребна добра организација на работата, но и добри совети и малку повеќе самодоверба. Некој ќе успее да ве поколеба во вашата сигурност во себеси, но ќе треба да си ја повратите самодовербата на оној начин на кој вие најдобро го умеете тоа. Ќе успеете да убедите близок пријател да започне бизнис со вас.

Љубов

Имате доволно слободно време да воспоставите подобар однос со саканата личност или пак да и се приближите поблиску на личност која ви се допаѓа, а која совршено ви одговара на вашиот карактер и сензибилитет. Имајте трпение за еден воден знак, особено ако сте на почетокот на врската. Можно е да се заљубите во некој роден во знаците Овен, Лав или Водолија.

Здравје

Намалете ги оброците.

Шкорпија

Самоприфаќањето е клучно оваа недела. Опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ви помага да се прифатите себеси за да остварите професионален успех,а  тригонот на Венера и Уран ви носи сериозни разговори со вашите пријатели. Младата Месечина во Лав која настапува на крајот на неделата бара од вас да се фокусирате на кариерниот успех.

Работа

Најголемата опасност на која можете да се изложите овие денови е изнесувањето идеи од луѓе кои едвај чекаат да ве претекнат во нешто. Бидете внимателни како се поставувате особено кон оние соработници на кои не им верувате премногу. Доколку планирате нешто, тоа нека биде во тајност.

Љубов

Ова не е најдобар период за Шкорпиите, особено за оние од нив кои не се во најдобри односи со членовите на нивното семејство, особено кога станува збор за изборот на партнерот. Се трудите врската да успее, но многу фактори влијаат на тоа како партнерот се поставува кон вас. Можни се конфликти ако сте во интеракција со Близнаци, Риби или Јарец. Пробајте да бидете поспонтани.

Здравје

Внимавајте на стомакот.

Стрелец

Опозицијата на Сонцето и Сатурн ви носи фокус кон адаптибилноста и живеењето во сегашниот момент, а тригонот на Венера и Уран ви помага да изберете навики, но и поддржувачи кои ќе ви донесат професионален успех. Младата Месечина во Лав која настапува во недела ви носи фокус на нештата во кои уживате: патувања, проширување на хоризонтите и стекнување нови знаења.

Работа

Имате голема потреба да се изразите на креативен начин а тоа значи дека ова е одличен период за оние Стрелци кои се занимаваат со дизајн или друга уметност. Почетокот на неделата ви носи неочекувани приходи преку игри на среќа. Можна е добивка и преку соработка со еден Лав или Вага.

Љубов

Добро се снаоѓате во својот љубовен живот, особено доколку ве интересираат личности родени во знакот Овен Водолија или Стрелец. Некоја личност од работа постојано се труди да ви пријде, но вие тешко ги читате сигналите. Многумина се трудат да бидат во ваше друштво овој период, но вие сте пребирливи.

Здравје

Добро се чувствувате

Јарец

Интимноста е многу важна за вас оваа недела. Со опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ќе се најдете себеси занесени во задоволството и радоста. Тригонот на Венера и Уран во вторник ви помага да остварите подобри односи на полето на љубовта, а младата Месечина во недела е фокусирана на вашата трансформација, излекување и сексуално здравје.

Работа

Ова е напорен период за амбициозните Јарци кои сакаат постојано да се во право. Тоа едноставно нема да биде можно овој период. Ќе се чувствувате како постојано да се соочувате со некоја напнатост, а најдобар начин да го решите тоа е да побарате помош од личност родена во знакот Близнаци.

Љубов

На самиот праг сте пред почеток на љубовна врска, над која најверојатно нема да имате контрола. Ова е период кога Јарците не размислуваат за сериозна врска, највеќе поради тоа што не знаат како се чувствуваат. 

Здравје

Многу се исцрпувате. Здивнете малку.

Водолија

Ова е недела во која успевате да пронајдете каде припаѓате. Опозицијата на Сатурн и Сонцето во понеделник ви помага да го најдете своето место, но и местото каде припаѓате со другите околу вас. Тригонот на Венера и Уран ден подоцна ви носи емоции кои ви овозможуваат да постигнете интимност и задоволство. Младата Месечина во Лав во недела е во фокусот на довербата и романтичната љубов.

Работа

Оптоварени сте со својата работа, но и со нови можности на поврзување и дополнителни приходи. Ова е недела во која постојано ќе се занимавате со документација  и администрација. Сепак, крајот на неделата ви носи нешто значајно што ќе ве помести од мртва точка. Финансиската ситуација полека ќе се стабилизира, но сепак бидете внимателни со финансиите.

Љубов

Преку работата можете да запознаете личност која ќе ви се допадне, а околу вас имате многу кандидати кои се занимаваат со спорт или уметност. Драги сте на многумина, но тешко е некој да го освои вашето срце. Вие сте веројатно многу заинтересирани за личност со која одлично се разбирате и која ви е добар пријател.

Здравје

Проблеми со синусите.

Риби

Останете приземни. Со опозицијата на Сонцето и Сатурн во понеделник ќе бидете насочени кон својата креативност и визија. Во среда, со тригонот на Уран и Венера вашиот начин на комуникација ќе ви помогне да остварите посуштински односи со другите, а младата Месечина во Лав во недела ви носи поврзување со грижата со себеси, личен раст и навики кои ви носат успех.

Работа

Добро се снаоѓате во работата во текот на целата седмица, особено доколку вашата работа е поврзана со медиуми или патувања. Пробувате да се привикнете на стилот на работа на еден Рак или Лав. Некој сака да ја придобие вашата поддршка за реализација на своите планови. 

Љубов

Заведувате и потоа бегате бидејќи се плашите од љубовта во моментов. Во состојба сте да бидете целосно непрепознатливи дури и пред своите најблиски. И се допаѓате на личност родена во знакот Шкорпија или Јарец, но ним тешко им паѓааат вашите промени во расположението.  На средината на неделата можно е да запознаете личност со која ќе продолжите да се гледате.

Здравје

Намалете ги цигарите.