Неделен хороскоп: 19-25 септември

Што ни носи хороскопот за новата недела?

ОВЕН

Потребни се двајца за танго. Вашата романтична сезона почнува во вторник  кога Сонцето влегува во Вага и го менува вашиот пристап кон љубовните односи особено на темата дека спротивностите се привлекуваат. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и ве инспирира да ги подобрите навиките поврзани со вашето здравје. Младата Месечина во Вага во недела ве повикува да се посветите на љубовта.

Прочитајте повеќе тука

БИК

Сè е во деталите. Сезоната на Вагите започнува во вторник и ве инспирира да го преземете првиот, храбар чекор за подобрување на вашата благосостојба. Меркур е ретрограден и тој влегува во Девица во сабота помагајќи ви да најдете некои замки и начини на размислување кои ви ја нарушуваат самодовербата. Во недела, младата Месечина е во Вага во вашиот сектор на здравјето што ви носи подобра грижа за тоа како се храните и живеете.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Вие вредите, драги Близнаци. Во вторник почнува сезоната на Вагите која ви го зголемува чувството на почит кон себеси и самодовербата. Во сабота, ретроградниот Меркур влегува во Девица и ви помага да дадете име на некои чувства кои прават да се чувствувате посебно. Во недела, младата Месечина во Вага ви дава храброст и самодоверба за да создадете значајни искуства со другите околу вас.

Прочитајте повеќе тука.   

РАК

Време е за емоционална сигурност. Во вторник, Сонцето влегува во Вага и ве поврзува со места и луѓе кои ви даваат можност да се чувствувате убаво и сигурно. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и ве прави внимателни во однос на тоа како комуницирате и ги избирате своите зборови. Во недела ни доаѓа младата Месечина во Вага која ве поврзува со темите поврзани со домот и семејството, онаму каде вие се чувствувате најдобро.

Прочитајте повеќе тука

ЛАВ

Пробајте понежен пристап. Сезоната на Вагите почнува во вторник и ве инспирира да примените потопол пристап во вашата комуникација за да можете да постигнете разбирање со другите. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и го менува вашиот став и целокупната филозофија во однос на финансиите. Во недела, младата Месечина е во Вага во вашиот сектор на комуникација што ви помага да постигнете големи нешта со помош на вашите комуникациски вештини и харизма.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Најдете го својот центар. Вашата сезона завршува во вторник и тогаш почнува периодот на владеење на Вагите што ќе ви помогне да се подготвите за следната фаза во вашиот живот. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и ви помага да го смените начинот на кој комуницирате – слушате, зборувате и размислувате критички. Во недела, младата Месечина е во Вага во вашата зона на сигурност инспирирајќи ве да се насочите на своите вредности кои помагаат да се чувствувате добро и сигурно.

Прочитајте повеќе тука

ВАГА

Ова е ваша сезона. Во вторник, завршува сезоната на Девиците и почнува вашата сезона што ви носи зголемена самодоверба. Во сабота, Меркур во своето ретроградно движење влегува во Девица и ве инспирира да се препуштите на носење некои мали одлуки. Во недела, младата Месечина е во вашиот знак во првата куќа на вашата личност што ве прави да бидете храбри и конкретни во однос на личноста која сакате да бидете.

Прочитајте повеќе тука

ШКОРПИЈА

Исчистете го својот распоред. Со почетокот на сезоната на Вагите во вторник ќе бидете инспирирани добро да одморите и да зацелите некои стари рани од минатото. Меркур е ретрограден и во сабота преминува од Вага во Девица помагајќи ви да се поврзете со некои пријатели и драги луѓе од минатото. Во недела, младата Месечина во Вага ви носи крај на некои начини на размислување и однесување кои не носат ништо добро.

Прочитајте повеќе тука

СТРЕЛЕЦ

Сменете ги приоритетите. Почетокот на сезоната на Вагите во вторник ве поттикнува да ставите крај на најпродуктивниот месец за вас и да се посветите на пријателите. Ретроградниот Меркур преминува од Вага во Девица во сабота и ви носи поголема одговорност на работното место. Во недела со младата Месечина во Вага ќе се посветите на подобрување на своите вештини и таленти.

Прочитајте повеќе тука.  

ЈАРЕЦ

Врски и компетенции, тоа е темата на сезоната на Вагите која започнува во вторник. Ќе се посветите на подобрување на вашите лични и професионални односи и она што е клучно за вашиот успех. Во сабота, Ретроградниот Меркур преминува од Вага во Девица и ве прави љубопитни, носејќи ве на нови места. Во недела, младата Месечина во Вага ве прави посветени на вашата кариера и ви носи исполнување на некои соништа на ова поле.

Прочитајте повеќе тука

ВОДОЛИЈА

Имајте убаво патување, драги Водолии. Во вторник почнува сезоната на Вагите која ќе ви донесе поттик да истражувате нови држави, книги и вештини. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и ви помага да ги идентификувате бариерите кои ве спречуваат да бидете интимни со друга личност. Младата Месечина во недела е насочена кон патувањата и образованието и сите оние нешта кои имаат можност да ви го променат животот на подобро.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Која е вистината која ви е тешка да ја прифатите? Во вторник, со влегувањето на Сонцето во Вага ќе успеете да го прифатите она што е дел од вас за да бидете посреќни и поуспешни. Ретроградниот Меркур влегува во Девица во сабота и ви носи можност да ставите крај на некоја приказна од минатото. Во недела, младата Месечина во Вага е во вашата зона на интимност што ви носи можност да се ослободите од бариерите кои ви прават проблем во комуникацијата со спротивниот пол. 

Прочитајте повеќе тука.