Неделен хороскоп: 18-24 октомври

Меркур почнува да се движи директно, Сонцето е во хармоничните Ваги, а во сабота влегува во мистериозните Шкорпии. Што ни носи хороскопот оваа седмица?

Овен

Време да погледнете напред, кон иднината. Ретроградниот Меркур завршува во понеделник и ви помага да чувствувате, размислувате и да се однесувате поинаку со вашите романтични партнери. Полната Месечина во среда е во вашиот знак и ви носи нови почетоци, но важно е да го прифатите тоа што го сакате. Сезоната на Шкорпиите започнува во сабота и ви носи подлабоко ниво на интимност, сексуалност, трансформација, но и вистина.

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Заборавете на лошите навики! Меркур го завршува своето ретроградно патување во понеделник а тоа вам ви носи можност да изберете подобри навики со кои ќе го подобрите своето здравје и благосостојба. Полната Месечина во Овен ни доаѓа во среда, а таа ве ослободува од тоа што не ви служи на ниту еден начин. Во сабота започнува сезоната на Шкорпиите, а тоа е транзит кој за вас носи романтични мигови и енергија во која спротивностите се привлекуваат. 

Прочитајте повеќе тука

Близнаци

Време е да ја откриете својата вредност. Меркур започнува да се движи директно во понеделник и ви помага да развиете самодоверба и волја да се носите со нови предизвици. Полната Месечина во среда пристигнува во амбициозниот Овен и ви помага да бидете околу луѓе кои сакаат да ви помогнат. Сезоната на мистериозните Шкорпии започнува во сабота и ви носи можност да развиете различни навики на подобрување на вашето ментално, но и севкупно здравје.

Прочитајте повеќе тука

Рак

Време е да го измерите прогресот во вашиот живот. Меркур престанува да се движи ретроградно во понеделник, помагајќи ви да измерите колку далеку стигнавте досега и да се ослободите од минатото. Полната Месечина во Овен го осветлува вашето поле на кариера, давајќи ви шанса да направите големи промени на работното место. Кога почнува сезоната на Шкорпиите во сабота, носи откривање на повеќе вистини кои треба да ги слушнете.

Прочитајте повеќе тука

Лав

Време е да го разбистрите умот. Ретроградниот Меркур завршува конечно во понеделник и ви помага да ја поборите комуникацијата со другите. Во среда, полната Месечина во Овен ви дава можност да ја искористите инспирацијата и да развиете идеи кои ќе се покажат како корисни на повеќе полиња. Сезоната на Шкорпиите ви носи емоционална интелигенција и можност да се поврзете со другите преку емпатија

Прочитајте повеќе тука

Девица

Слушајте го своето тело, драги Девици! Меркур престанува да се движи ретроградно во понеделник и ви помага да се поврзете со своето тело и да дојдете до силна финансиска стабилност. Полната Месечина во среда во Овен е страствена и интимна и посветена на вашето задоволство. Во сабота почнува сезоната на Шкорпиите која ви помага да ги разберете емоциите и подобро да комуницирате.

Прочитајте повеќе тука

Вага

Среќен роденден, драги Ваги. Меркур го завршува својот ретрограден пат и ви носи можност да се чувствувате интелектуално и ќе се поврзувате со личности кои размислуваат како вас. Полната Месечина во Овен ви помага да продлабочите или да почнете нова романса. Во сабота завршува вашата сезона и почнува сезоната на Шкорпиите помагајќи ви да се осврнете на своите најважни вредности.

Прочитајте повеќе тука

Шкорпија

Време е за подобри денови. Меркур почнува да се движи директно во понеделник помагајќи ви да затворите еден циклус на ослободување од негативната енергија и луѓе кои не ви се потребни да бидат околу вас. Во среда нèочекува полна Месечина во Овен која од вас бара посветеност за нов начин на однесување. Ова е и ваш месец, бидејќи вашата сезона започнува во сабота, а тоа носи исполнување на желбите.

Прочитајте повеќе тука

Стрелец

Сретнете ги луѓето онаму каде што се. Ретроградниот Меркур завршува во понеделник и ви помага да им се восхитувате на другите луѓе и да ги поврзете своите способности со нивните. Во среда ни доаѓа полна Месечина во Овен што од вас бара да прифатите голема вистина за себеси и да ја споделите со другите. Сезоната на Шкорпиите почнува во сабота и ви носи обновување и излекување од некои стари рани и проблеми. 

Прочитајте повеќе тука

Јарец

Продолжете напред, драги Јарци. Ретроградниот Меркур се приближува кон својот крај и почнува директен од во понеделник. Сето тоа се случува во вашата зона на амбиции, продуктивност и креативност. Полната Месечина во Овен во среда ве инспирира да бидете ранливи со луѓето кои ве разбираат. Сезоната на Шкорпиите почнува во сабота и ве прави повеќе поетични отколку продуктивни, но ви носи и можност да се социјализирате со другите. 

Прочитајте повеќе тука

Водолија

Време е за нови идеи. Ретроградниот Меркур завршува во понеделник и ви носи можност да дојдете до нови идеи и стратегии за подобри резултати. Полната Месечина во овен ве потсетува колку е важно да сте директни и отворени кон другите, а почетокот на сезоната на Шкорпиите во сабота ви носи одлични можности на полето на кариерата.

Прочитајте повеќе тука

Риби

Споделете ја својата вистина со другите. Меркур го завршува своето ретроградно патување во понеделник и ви помага да ја споделите својата вистина со некој кој треба да знае како се чувствувате. Во среда, полната Месечина во Овен ви носи задоволство и изненадување од некоја личност блиска до вас. Во сабота почнува сезоната на Шкорпиите и ви носи авантура, надвор од вашата сигурна зона.

Прочитајте повеќе тука