Неделен хороскоп: 17-23 јануари

Што ни носи хороскопот оваа недела?

Полната Месечина во понеделник која ни доаѓа во емотивниот Рак ни носи можност да ги препознаеме и цениме своето емоции. Ретроградното движење на Уран завршува во вторник, носејќи ни поинаква енергија, а сезоната на Водолиите започнува на 22 јануари со фокус на поврзувањето, возбудата и иновациите.

Овен

Месечината во Рак ви носи можност да ги препознаете и прифатите своите најдлабоки чувства и луѓето кои прават да се чувствувате како дома. Уран почнува да се движи директно во вторник носејќи ви финансиска стабилност. Сезоната на Водолиите почнува на крајот на неделата, помагајќи ви да се поврзете со оние луѓе кои можеби не ви се најблиски, но ви носат одлична енергија. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Искористете ги мудро своите зборови. Полната Месечина во понеделник во помага да ги изразите своите мисли и емоции на одличен начин и притоа да бидете разбрани од другите. Уран почнува да се движи директно во вторник во вашиот сектор на идентитет и ви помага да доживеете неверојатна трансформација. Сезоната на Водолиите почнува на крајот на неделата и ви носи амбиција, професионален успех и исполнети цели.

Близнаци

Вие сте во центарот на вниманието. Полната Месечина во Рак во понеделник ги подобрува вашите финансии и сигурност, правејќи ве попрактични. Уран почнува да се движи директно во Бик во вторник и ви носи можност да ставите крај на некои приказни. Крајот на неделата го носи почетокот на владеењето на Водолиите  и ве носи на едно возбудливо, интелектуално патување. 

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Почнете од почеток. Полната Месечина во Рак во понеделник ви носи неверојатна шанса да се фокусирате на визијата, надежта и оптимизмот. Уран се движи директно во Бик во вторник во вашата зона на пријателства, поврзувајќи ве со луѓето кои ви значат. Крајот на неделата ни ја носи сезоната на владеење на иновативната Водолија, а ова за вас е период на интимност, доверба, сексуалност и страст.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Во ред е да се препуштите. Полната Месечина во Рак ве инспирира да се ослободите од енергијата која ве задржува и не ви дозволува да уживате, па така ќе имате одличен период на уживање и поврзаност со другите. Уран почнува да се движи директно во вторник во вашата зона на кариера и ви носи можност да успеете на ова поле. Сезоната на Водолиите почнува на крајот на неделата, а тоа е можност да се фокусирате на романсата и да верувате дека спротивностите сепак се привлекуваат.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Пријателствата се менуваат за Девиците. Полната Месечина во понеделник која настапува во Рак ве поврзува со некои важни личности кои одамна не сте ги виделе. Уран се враќа кон своето директно движење во вторник и тоа во вашата зона на мудрости, помагајќи ви да стекнете нови знаења. Сезоната на Водолиите која почнува на крајот на неделата ви носи нови навики и практики со цел да го подобрите секојдневието.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Дозволете си едно ново ниво, драги Ваги. Полната Месечина во Рак ви носи можност да ги исполните своите професионални цели и да се поврзете со она што го сакате. Уран се движи директно во Бик во вашата зона на интимност во вторник и тоа ви помага да ја видите вистината малку појасно. Сезоната на владеење на Водолиите почнува на крајот на неделата и ве инспирира да си внесете малку повеќе креативност, но и ранливост во својот живот.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Имајте верба во себеси. Полната Месечина во Рак во понеделник ви помага да се видите себеси, но и другите со повеќе оптимизам, верба и силна визија за иднината и да преземете похрабри чекори. Уран почнува да се движи директно во вторник во Бик во вашиот сектор на романсата, носејќи ви интересни личности во вашиот живот. Сезоната на Водолиите почнува на крајот на неделата, а тоа е период кој ќе ви донесе емоционална сигурност.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Која е вашата вистина, драги Стрелци? Полната Месечина во Рак во понеделник ви дава можност да ја споделите својата вистина со некој кој вистински сака да го слушне тоа. Бидете храбри, но и ранливи. Уран се враќа кон своето ретроградно движење во Бик  во вторник во вашиот сектор на здравје, а тоа ви носи нови можности за грижа за себеси. Сезоната на Водолиите почнува на крајот на неделата, а тоа е транзит кој ви носи важни лекции за комуникацијата.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Барајте разбирање. Полната Месечина во Рак ви носи гоелми промени во однос на вашата љубопитност, но и тоа како им пристапувате на оние кои ви се допаѓаат. Во вторник, Уран почнува да се движи ретроградно во Бик во вашата зона на храброст, а тоа носи еден многу убав период за вас, на сите полиња. Сезоната на Водолиите започнува на крајот на неделата, а тоа ви носи финансиска слобода и поголема моќ на ова поле.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Полната Месечина во Рак во понеделник ви помага да се фокусирате на деталите кои ќе ви помогнат да го подобрите своето здравје и добросостојба. Во вторник, Уран почнува да се движи директно во вашето поле на семејство и домот, поврзувајќи ве со вашите најдраги. Вашата сезона почнува  на крајот на неделата. Време е да се исполнат вашите желби.

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Имајте храброст. Полната Месечина во Риби ви носи храброст да се изразите, слушнете и да бидете разбрани. Уран почнува да се движи директно во Бик во вашата зона на комуникација во вторник, помагајќи ви полесно да се поврзете со другите околу вас, а сезоната на Водолиите ви носи грижа за себеси. 

Прочитајте повеќе тука.