Неделен хороскоп : 17-23 декември

Ова е недела во која ни доаѓа зимата. Завршува владеењето на Стрелецот и почнува влијанието на Јарец, најстабилниот и најистрајниот знак во хороскопот.

Прочитајте го хороскопот за за оваа недела.

Овен

Ништо не ви оди по планот, но затоа имате план Б и среќата е на ваша страна.

Ве мачат љубовни проблеми бидејќи не го слушате срцето и си играте со туѓите чувства.

Добро се чувствувате оваа недела.

Бик

Морате повеќе да се потрудите околу тоа да бидете поуспешни во тоа што го правите.

Ова е недела полна со можности. Љубовта чека на вас.

Вежбајте повеќе.

Близнаци

Напорна недела за вас и многу работа. На ум ви е само одморот, но важно е да ги завршите своите обврски.

Партнерот ви е единствена светла точка оваа недела.

Болка во вратот и грбот.

Рак

Работите се онакви какви што очекувате да бидат. Можете мирно да се подготвите за следната година.

Партнерот не е расположен. Дајте им слобода, брзо ќе помине.

Добро се чувствувате.

Лав

Слушајте се себеси бидејќи интуицијата никогаш не ве лаже.

Една личност во униформа постојано мисли на вас.

Во добра кондиција сте.

Девица

Не знаете на која страна да се свртите. Имате многу работа, а не можете да сметате на никого.

Ви годи љубовта, работите одат по својот тек.

Не спиете доволно.

Вага

Ги почитувате своите надредени а тие го ценат тоа.

Во љубовта ви се случува она од што се плашевте.

Вежбајте повеќе.

Шкорпија

Организирани сте и затоа заслужувате многу бенефити на работа. Само продолжете така.

Имате љубов и тоа е најважно сега за вас.

Здравјето е одлично.

Стрелец

Еден проект ви пропаѓа, но не значи дека тоа ве очекува и понатаму.

Имате љубовно затишје и тоа ве депримира. Не губете надеж, никогаш не се знае во љубовта.

Јадете повеќе овошје.

Јарец

Тешко ви е да ја промените работата а тоа го сакате највеќе. Ништо не е невозможно, не очајувајте.

Во љубовта ви цветаат рози повторно.

Здравјето е одлично.

Водолија

Досадно ви е на работа и губите концентрација и креативност. Пронајдете нова мотивација.

Заљубени сте до уши и убаво се чувствувате.

Добро се чувствувате оваа недела.

Риби

Сакате да ја решите моменталната финансиска ситуација, но не постои решение барем не засега.

Саканата личност ве разбира и тогаш кога не се разбирате себеси.

Здравјето е добро.