Неделен хороскоп : 16-23 јули

Оваа недела, хороскопот носи одлични аспекти за вонредни приходи, подобрување на соработката со странство,но и помлади личности и тајни врски во љубовта. 

Овен

Љубов – Позицијата на Венера, планетата на љубовта која управува со вашата астролошка куќа на партнерски односи, во вашиот живот носи младолика и шармантна личност која ја знаете или пак ќе ја запознаете преку работа. Оваа недела ви носи нови контакти и познанства, особено доколку сте слободни.

Работа – Првите денови од оваа недела носат повик за соработка со странство, доколку се занимавате со приватен бизнис. На 19 јули можете да очекувате зголемени приходи. Оваа недела исто така носи исплатливи понуди, особено доколку се занимавате со креативни професии.

Здравје – Потребен ви е одмор.

Бик

Љубов – Во првата половина на неделата, може да ве заинтригира личност која работи во некоја здравствена индустрија или продавница за здрава храна. На некој јавен собир, ќе го привлечете вниманието на личност родена во знакот Јарец. Крајот на неделата ви носи пат и романтична средба со личност од работа.

Работа – Позицијата на Меркур, владетелот на астролошкото поле на работа, во првата половина на неделата ви носи можност за реализација на исплатливи проекти, особено доколку се занимавате со медиуми или креативни професии. Крајот на неделата ви носи усовршување во странство.

Здравје – Проблеми со грлото.

Близнаци

Љубов – Позицијата на Јупитер ви носи подобра комуникација со партнерот, особено доколку сте во брак или подолга врска. Доколку сте слободни ве очекуваат интересни средби со личности кои се помлади од вас. Избегнувајте расправии со Овен, Лав и Стрелец.

Работа – Почетокот на неделата ви носи исцрпеност на работното месот. Во другата половина на овој период можете да имате успех доколку соработувате со странство. Доколку сте присутни во јавноста поради работата, внимавајте на своите изјави.

Здравје – Можен е пад на имунитетот.

Рак

Љубов – Оваа недела ве очекува дестабилизација во односите со партнерот. Во првата половина на овој период, саканата личност ќе се труди да доминира, особено доколку се работи за личност родена во знаците Јарец и Шкорпија. Доколку сте во брак или подолга врска, партнерот покажува знаци на незадоволство поради вашето однесување.

Работа – Во текот на овој период ќе бидете многу успешни, доколку се занимавате со односи со јавност, наука, фармација или медицина. Искористете ја наклонетоста на колегите оваа недела, но избегнувајте конфликти со помладите соработници.

Здравје – Чувајте се од инфекции.

Лав

Љубов – Оваа недела ви носи додворување од личност која се занимава со медиуми или која често патува поради работата. Можно е да се запознаете и со интересен уметник или спортист кои ќе ве заинтересираат. Аспектите на Венера носат влез во тајни врски со личност која ја знаете од работа.

Работа – По 17 јули, зголемени се шансите да работите со странство. Можна е и промена на работното место. Вашиот владетел Сонцето ви носи голем прилив на енергија и добро расположение оваа недела.

Здравје – Добро се чувствувате.

Девица

Љубов – Венера, планетата на љубовта и убавината минуваат низ вашето поле на личноста, што ќе ви донесе помлади личности кои ќе бидат заинтересирани за вас. Во другата половина на неделата, избегнувајте расправии со партнерот, особено доколку сте во брак или подолга врска.

Работа – Во текот на оваа недела може да ви биде понудена шанса за унапредување, сообено доколку работите во медиуми или некоја финансиска институција. Поради опозицијата меѓу Меркур и ретроградниот Марс, до 17 јули внимавајте на тоа што го зборувате на работа, особено доколку сте во лупа на јавноста.

Здравје – Можни се повреди.

Вага

Љубов – Оваа недела ве очекуваат убави односи со партнерот, особено доколку станува збор за воздушен знак. Слободните претставници на овој знак ги очекува средба со атрактивна и млада личност, што може брзо да се претвори во тајна врска. Крајот на неделата ви носи еден Стрелец во животот.

Работа – Крајот на неделата можете да очекувате добивка од паралелна работа која ја работите или хонорари, особено ако се занимавате со приватен бизнис.

Здравје – Движете се повеќе.

Шкорпија

Љубов – Почетокот на неделата ви носи можност за стапување во врска со еден Бик или Јарец. Крајот на неделата ви носи добра соработка, но и предупредување да избегнувате конфликти.

Работа – Оваа недела ви носи материјализација на вашите идеи. Зголемени се шансите за соработка со странство, особено доколку се занимавате со купопродажба на недвижности.

Здравје – Потребен ви е одмор.

Стрелец

Љубов – Меркур, планетата на комуникацијата која управува со атролошкото поле на партнерски односи, влијае негативно на вашиот однос со саканата личност. Вториот дел од неделата носи  можна тајна средба со некој огнен знак кој сте го запознале на дружење со пријателите или работна средба.

Работа – Венера ви носи добри работни преговори. Можна е исплатлива работна понуда по 19 јули, особено доколку се занимавате со маркетинг, медиуми, филм и модерни технологии.

Здравје – Внимавајте на крвниот притисок.

Јарец

Љубов – Поради позицијата на Венера, во првиот дел од неделата ќе ве заинтересира личност која сте ја запознале на интернет. Нептун, симболот на љубовниот занес би носи средби со интересна личност во текот на оваа недела.

Работа – Хармоничниот аспект меѓу Сатурн и Уран носи поволности во вашата финансиска ситуација. Обновување на соработката со странство, носи зголемени шанси за повеќе приходи. Избегнувајте расправии со надредените, особено доколку се родени во знаците Близнаци и Девица.

Здравје – Минувајте повеќе време во природа.

Водолија

Љубов – Аспектите на Венера и владетелите на вашиот знак, Сатурн и Уран нви носат можност да влезете во тајна или паралалена врска со личност која одамна ви се допаѓа. Средината на неделата носи зближување со една Вага.

Работа – Во првата половина на неделата, би требало да се потпрете на млади соработници кои ви се наклонети. Бидете внимателни бидејќи доаѓа до пролонгирање на некои договори. Крајот на неделата носи прилив од хонорарна работа.

Здравје – Внимавајте на повреди.

Риби

Љубов – Планетата на љубовта, Венера ви носи можност за романтични средби со личност родена во знакот Бик или Вага. Втората половина на неделата ви носи млада личност во вашиот живот, која живее во друг град или земја. Парнерот ќе се труди да ја наметне својата волја овој период, особено ако сте во подолга врска или брак.

Работа – Бидете внимателни до 17 јули околу потпишување на договори, особено доколку се занимавате со маркетинг или медиуми. Средината на неделата носи добри вонредни приходи.

Здравје – Кожата ви е чувствителна на сонцето.