Неделен хороскоп: 15-21 мај

Што ни носи хороскопот во текот на оваа недела?

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

ОВЕН

Бидете практични. Јупитер влегува во Бик и ви носи сензуалност и задоволство на сите полиња. Младата Месечина во Бик бара од вас да се посветите на финансиската сигурност и да живеете во согласност на своите вредности. Во сабота, Марс влегува во Бик и ви носи храброст за да ги изразите своите емоции. 

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Време за нови промени. Иако ова е ваш период во кој многу убави нешта се случуваат, сепак со влегувањето на планетата на среќата Јупитер во вашиот знак во вторник, треба да се подготвите за година исполнета со оптимизам и можност сите ваши желби да бидат исполнети. Младата Месечина во вашиот знак во петок, бара од вас гласно да ја споделите својата желба со универзумот и да дозволите таа да се исполни. Во сабота, Марс влегува во Лав и ве поврзува со луѓе и места кои ви носат радост.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Направете пауза. Јупитер влегува во Бик во вашата зона на краеви во вторник и ви носи година која ќе биде исполнета со ослободување од минатото. Во петок, младата Месечина во Бик бара од вас да поставите цели,но и граници и да преземете одговорност како комуницирате со луѓето околу вас. Марс влегува во Лав во сабота, потсетувајќи ве на вашите комуникациски способности и носејќи ви сила да ги искористите. 

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Време е за промена на стратегијата. Моќниот Јупитер влегува во Бик во вашиот сектор на пријателствата во вторник и ви носи можност да го префрлите својот фокус на пријателствата. Младата Месечина во петок исто така фрла светлина на вашите пријателства, но важно е да направите обид за реципроцитет и взаемно разбирање и поддршка во вашите односи со другите. Во сабота, Марс влегува во Лав и ве инспирира да ги пренесете своите вредности во пракса.  

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Покажете ги своите лидерски способности. Јупитер влегува во Бик во вторник, во вашиот сектор на кариера, носејќи ви неверојатно добри можности за да ги исполните своите професионални соништа. Во петок, младата Месечина во Бик од вас бара да се посветите на кариерата и она што ви е важно на професионално поле. Марс влегува во вашиот знак во сабота, а тоа ви носи енергија и самодоверба со што лесно ќе ги исполните своите цели.

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Сменете ја својата визија, променете го својот живот. Во вторник, Јупитер влегува во Бик носејќи ве кон нови места и хоризонти кои ќе ви го променат животот. Во петок, младата Месечина во Бик ви помага да ги исполните своите желби поврзани со образованието  и патувањето. Во сабота, Марс влегува во Лав и ви носи моќен тајминг да се ослободите од она што ве обесхрабрува и што прави да се чувствувате лошо.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Време е за продлабочување на односите. Јупитер влегува во Бик во вторник во вашиот сектор на сексуалност и интимност, носејќи ви нов контекст во вашите љубовни односи. Во петок, младата Масечина во Бик ве носи кон перфекционизам, но внимавајте на споредбите со другите. Во сабота, Марс влегува во Лав, поврзувајќи ве повторно со вашите пријатели и охрабрувајќи самодоверба и бестрашност.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Љубовта е во воздухот. Јупитер влегува во Бик во вашиот сектор на романса носејќи ви енергија со која спротивностите се привлекуваат. Во петок, младата Месечина во Бик од вас бара да поставите цели и желби за исцелување и раст. Во сабота, Марс влегува во Лав во вашата зона на кариерата, носејќи ви кариера со слобода и успех.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Убавината е во малите нешта. Во вторник, Јупитер влегува во Бик во вашата зона на добросостојба и ви носи мали, но значајни промени за да постигнете големи резултати. Во петок, младата Месечина во Бик ве насочува кон мир и релаксација. Марс влегува во Лав во вашата зона на авантура, носејќи ве на патување кон самооткривање и образование. 

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Дозволете си да бидете ранливи. Јупитер влегува во Бик во вторник, во вашата зона на емоции, помагајќи ви да ги изразите своите чувства и да донесете важни одлуки. Во петок, младата Месечина во Бик ве поттикнува да поставите цели и желби за креативност, самодоверба и храброст. Во сабота, Марс влегува во Лав и ве мотивира да бидете подобри кон себеси.

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Добредојде дома, драги Водолии. Јупитер влегува во Бик во вашата зона на емоционална сигурност во вторник и ви носи успех поврзан со домот и семејството. Во петок, младата Месечина во Бик од вас бара да се посветите на сигурноста и релаксацијата. Марс влегува во Бик во сабота и ви носи можност да соработувате, да направите компромис, но и да поставите граници на полето на љубовта.

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Зборувајте сега, драги Риби! Во вторник, Јупитер влегува во Бик во вашиот комуникациски сектор, зајакнувајќи го начинот на кој комуницирате со другите. Младата Месечина во петок е во Бик, а таа ви носи поголем фокус и концентрација. Марс влегува во Лав во сабота, со што ќе бидете фокусирани на градење на поздрави навики за себе. 

Прочитајте повеќе тука.