Неделата пред нас е обоена со длабоки кармички настани и ненадејна ментална јасност.

Photo by Angelica Reyn
Сатурн се среќава со Северниот јазол во Риби, аспект кој не се случува често и кој со себе носи со себе чувство дека сме на раскрсница. Ова е време кога животот бара од нас не само да сонуваме, туку и да преземеме одговорност за своите избори. Ќе се појават прашања што не можеме повеќе да ги одложуваме: каде одиме, зошто, и со кого?
Меркур конечно ја напушта ретроградната сенка и влегува во Овен, носејќи ни директност, јасни зборови и подготвеност за акција. Марс влегува во Лав, додавајќи доза на огнена храброст, но и драма. А Сонцето влегува во Бик, потсетувајќи нè дека не мора сè да биде брзо, понекогаш, стабилноста е најхрабриот чекор. Венера, пак, во конјункција со Северниот јазол, ја отвора темата на судбински средби, искрени љубовни избори и враќање кон вистинските вредности.
Што го очекува вашиот знак?
ОВЕН
Оваа недела Овните ќе почувствуваат интензивна комбинација на стабилност и потреба за промена. Со Сатурн во конјункција со Северниот јазол, се отвора важна животна лекција – што навистина значи зрелост, и како изгледа одговорност што доаѓа од внатре, а не од очекувањата на околината. Во вторник, Меркур влегува во вашиот знак и носи враќање на менталната јасност – конечно, мислите ви се поостри, поодлучни и побрзи. Во четврток, со влезот на Марс во Лав, ја чувствувате повторно вашата внатрешна огнена енергија – онаа што ве тера да одите по своето, без да се извинувате. Сепак, со Сонцето што влегува во Бик, се отвора период кога ќе треба да покажете дека знаете како да ја насочите својата моќ – стабилно, а не хаотично.
Прочитајте повеќе тука.
БИК
Оваа недела започнува со тивок немир, но завршува со чувство на подлабоко заземјување. Сонцето влегува во вашиот знак на 20 април, носејќи го фокусот назад кон себе, кон телото, вредностите и чувството на сопствен простор. Ова е време кога ќе сакате да поставите јасни граници: што е ваше, а што сте земале од другите по навика? Венера и Сатурн во Риби се поврзуваат со Северниот јазол – покажувајќи ви кои соништа вредат да ги следите, дури и ако патот не е секогаш сигурен. Марс во Лав ќе донесе интензивна енергија дома – буквално и метафорично. Не се плашете да побарате свој мир, па макар тоа да звучи или изгледа себично.
Прочитајте повеќе тука.
БЛИЗНАЦИ
Неделава за вас започнува како ментална експлозија. Со Меркур, вашиот владетел кој конечно излегува од ретроградна сенка и влегува во Овен, конечно ќе почувствувате поддршка. Идеите доаѓаат со леснотија, но и зборовите и тука лежи вашата сила, но и вашиот предизвик. Сатурн во конјункција со Северниот јазол ве турка да ги земете своите идеи посериозно – не како обични размисли, туку како можни животи. Марс во Лав ќе ви даде храброст да ги изговорите работите што подолго време ги носите во себе, но не заборавајте: само затоа што можете да зборувате, не значи дека секогаш мора.
Прочитајте повеќе тука.
РАК
Оваа недела ве води подлабоко кон себе. Со Сатурн и Северниот јазол споени во Риби, воден знак како вас, се отвора прашањето: кои ветувања сте ги дале кон себеси, но ги заборавивте во изминатиот период? Ова е кармички момент, каде ќе треба да се навратите наназад за да разберете каде точно сакате да одите. Марс влегува во вашата зона на ресурси, што значи дека ќе бидете порешителни кога станува збор за тоа што сакате да дадете и примите, не само материјално, туку и емотивно. А со Сонцето кое се префрла во Бик при крајот на неделата, ќе посакате повеќе стабилност и сигурност во пријателствата и околината.
Прочитајте повеќе тука.
ЛАВ
Оваа недела ќе почувствувате како да се будите од подолг сон. Со Марс што влегува во вашиот знак, енергијата ве повикува назад во светлото, но не како егото, туку како срцето. Ова е момент за храбри чекори, но и за емотивна зрелост. Сатурн и Северниот јазол во Риби ве потсетуваат дека секоја трансформација бара и жртва, односно нешто мора да се пушти за да се отвори пат за новото. Со Сонцето што влегува во Бик, ќе се активира вашата зона на кариера, а чувството дека сега е моментот за да застанете на сцената. Но запомнете: вистинската моќ не се докажува, туку се живее.
Прочитајте повеќе тука.
ДЕВИЦА
Оваа недела за вас носи значајна внатрешна промена. Сатурн и Северниот јазол се поврзуваат во вашата куќа на релации, што значи дека судбината ви поставува прашање: со кого навистина одите низ животот, но и зошто? Ова не се мали теми, а вие чувствувате сè и тоа одеднаш и силно. Но со Меркур, вашиот владетел, што влегува во Овен, полека излегувате од менталната магла. Одеднаш, знаете што сакате да кажете. Марс во Лав, пак, ќе активира нешто во вашата потсвест, можно е да станува збор за гнев, страв или длабоко закопана желба што сега почнува да бара простор. Не ја игнорирајте. Ова е недела на тивка, но суштинска ревизија на животните приоритети.
Прочитајте повеќе тука.
ВАГА
Оваа недела ќе се чувствувате како светот да бара од вас да бидете јасни, и конечно сте подготвени да го направите тоа. Со Меркур што влегува во вашата зона на љубов и партнерства, време е за директни, дури и тешки разговори. Сатурн во сојуз со Северниот јазол ќе ги осветли вашите дневни навики, како се грижите за себе, како се троши вашето време, и што е она што навистина ве поддржува. Влегувањето на Сонцето во Бик ви носи потреба за стабилност, длабочина, но и финансиска јасност. А Марс во Лав ви носи нова искра во пријателствата, може некој од вашето опкружување да стане многу поважен, многу побрзо отколку што сте очекувале.
Прочитајте повеќе тука.
ШКОРПИЈА
Оваа недела носи нешто што тешко се опишува со зборови, како чувство дека нешто се подготвува под површината, иако сè изгледа мирно. Со Сатурн и Северниот јазол во Риби, се отвора врата кон вашата креативност, духовност и интимност, но и кон длабоките емоционални стари приказни што сè уште живеат во вас. Марс, вашиот владетел, влегува во Лав и го активира највисокото поле на вашиот натален хороскоп: кариера, јавен имиџ, амбиција. Вие знаете каде сакате да стигнете, но оваа недела ќе се запрашате, која цена сте спремни да ја платите? Сонцето во Бик ве насочува кон партнерствата, во животот, но и во работата. Ќе треба да се одлучите што вреди да се негува, а што треба да остане во минатото.
Прочитајте повеќе тука
СТРЕЛЕЦ
Оваа недела ви носи момент на поголема перспектива. Сатурн во конјункција со Северниот јазол во вашата зона на дом, семејство и внатрешна стабилност, ви поставува прашање кое не можете да игнорирате: каде навистина припаѓате? А каде само се задржувате од навика? Со Меркур во Овен, зборовите ви доаѓаат лесно, па конечно може да ги кажете мислите што долго време сте ги чувале. Марс влегува во Лав и ја активира вашата авантура, ве повикува да се проширите, патувате, учите или едноставно да се движите надвор од комфорот. Сонцето во Бик ќе ве потсети дека слободата е убава, но без структура може да стане заморна. Време е за нова дисциплина, но на ваш начин.
Прочитајте повеќе тука.
ЈАРЕЦ
Оваа недела носи пресвртна точка, не драматична, туку потивка, но длабоко значајна. Со Сатурн, вашиот владетел, во конјункција со Северниот јазол во Риби, ќе почувствувате дека нешто што долго време сте го игнорирале – збор, интуиција, повик, конечно добива глас. Ова е недела на нови ментални структури. Можеби ќе промените некое верување, ќе се откажете од стара навика на размислување, или ќе одлучите дека не морате да имате одговор на сè. Меркур во Овен го осветлува вашиот внатрешен свет, размислувате побрзо, порешително, но и повнимателно кога станува збор за семејни теми. Марс во Лав го носи фокусот кон лични трансформации, особено околу контролата, довербата и интимноста.
Прочитајте повеќе тука.
ВОДОЛИЈА
Оваа недела носи важен тест за вашите граници, особено оние што ги поставувате (или избегнувате да ги поставите) во односите. Сатурн и Северниот јазол се среќаваат во вашата зона на вредности и сопствена вредност. Ова е судбински момент кој ве прашува: дали живеете според тоа што навистина го цените? Или уште секојдневието ви е водено од очекувања тана другите? Меркур во Овен ја отвора вратата за јасна и директна комуникација, особено со блиските. Но Марс во Лав ја активира вашата спротивна зона: партнерства. Можно е некој да стане огледало, или поддршка, или предизвик. Во секој случај, ќе се соочите со вашата потреба да бидете видени – не како идеја, туку како личност.
Прочитајте повеќе тука.
РИБИ
Оваа недела за вас е важна. Сатурн, планетата на одговорноста, се среќава со Северниот јазол токму во вашиот знак. Ова е кармички миг, момент на длабоко себе-препознавање: кои сте денес, и кои би можеле да бидете ако престанете да се криете зад стравовите? Нештата може да се чувствуваат сериозно, но не е време за паника, туку за зрел избор. Со Меркур во Овен, ќе сакате да зборувате поотворено за вашите вредности и финансиски потреби. Марс во Лав ве поттикнува да се грижите за себе со повеќе дисциплина, додека Сонцето во Бик ви носи тивка сила: стабилност преку зборови, навики и ритуали што ве приземјуваат.
Прочитајте повеќе тука.