Неделен хороскоп: 13-19 септември

Oваа недела, спротивностите се привлекуваат. Марс влегува во нежната Вага давајќи ни можност да најдеме хармонија во себеси,но и во односите со другите луѓе. Во четврток, со квадратот на Венера и Сатурн ќе се потпреме на другите околу нас.

Овен

Конфликтот е неизбежен, оваа недела. Марс влегува во Вага во вашата зона на љубовни односи, помагајќи ви да дојдете до некаков заклучок, но само преку конфликт. Квадратот на Венера и Сатурн во четврток ви дава увид во љубовта преку призмата на пријателството. Викендот е посветен на пријателствата преку споделени вредности и автентичност. 

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Посветете се на своите навики, оваа недела. Марс влегува во Вага во вторник во вашата зона на добросостојба, мотивирајќи ви да изградите навики кои ќе ви служат за подобро. Квадратот на Венера и Уран во четврток ќе ви помогне да ги искористите личните вештини за да ги подобрите љубовните односи со другите, а викендот ви носи судир меѓу личниот и професионалниот живот. 

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Оваа недела е посветена на креативноста. Во вторник, Марс влегува во Вага во вашата зона на креативност, помагајќи ви да изградите креативни навики и да ја оптимизирате креативноста во различни аспекти од своето живеење. Во четврток, со квадратот на Венера и Уран треба да воспоставите баланс меѓу ситниците и големата слика и да го најдете значењето во сето тоа. Викендот бара од вас да бидете флексибилни и така да се подготвите за големи изненадувања. 

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Самоприфаќањето е клуч за вашиот успех, оваа недела. Во вторник, Марс влегува во Вага во вашата зона на емоции, помагајќи ви да поработите на себе, но и да ги прифатите своите несовршености.Во четврток, со квадратот на Венера и Уран, добивате самодоверба и поттик да ширите и прифаќате радост, а викендот ви носи цел спектар од емоции. 

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Оваа недела, потребно е да побарате разбирање од другите. Со влезот на Марс во Вага во вторник во вашето поле на комуникации, важно ќе биде јасно да се изразите и да се разберете со другите луѓе околу вас, особено оние чие мислење ви значи. Во четврток, со квадратот на Венера и Сатурн ќе размислите на која основа ја градите довербата со другите и кои се полињата каде немате никаква доверба. Викендот ви носи социјализирање со другите, но и професионална продуктивност.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Доволни сте си сами на себеси. Во понеделник, Марс влегува во балансираната Вага во вашето поле на сигурност, па ќе посакате да поминете време сами и да избегате од другите. Во четврток, со квадратот на Венера и Уран важно е да комуницирате на начин кој е соодветен за другите луѓе, а не само за вас самите. Викендот е за интелектуална стимулација и предизвици.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Ова е важна недела за вас, драги Ваги. Со влезот на Марс во Вага во вторник ќе успеете да се разберете себеси подобро, но и луѓето околу вас. Квадратот на Венера и Уран во четврток ви носи моќ да ги пренесете своите вредности во пракса, а викендот ви носи бура од емоциите. Обидете се да најдете мир во тоа. 

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Илјада причини за крај? Почетокот на неделата ни го носи Марс во Вага во вашата зона на завршетоци, со тоа што ќе имате можност да ставите крај на некоја приказна и на нешто што зафаќа голем дел од вашиот живот веќе подолго време, а не ви носи ништо добро. Во четврток, квадратот на Венера и Сатурн бара од вас искрено да ги изразите своите чувства со луѓето кои ви значат, а викендот ќе ви донесе увид и знаење на кого можете да се потпрете.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Време е да покажете лидерство и во тоа да бидете успешни. Со влегувањето на Марс во Вага во вашата куќа на активизам, ќе бидете поактивни од вообичаено, а со тоа и лидери кои ќе бидат следени од другите. Во четврток, Венера прави квадрат со Уран помагајќи ви да ставите крај на нешто што не ви служи преку духовна пракса или пак отворен ум. Викендот е посветен на навиките кои ви носат добро здравје и благосостојба.

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Време е да блеснете и да им покажете на другите колку умеете. Во вторник, Марс влегува во Вага во вашата зона на кариера, носејќи ви важни соработки, но и успеси на ова поле. Во четврток, со квадратот на Венера и Сатурн ќе успеете да бидете радосни, благодарение на вашите пријателства.Викендот ви овозможува да осознаете нови нешта преку вашата љубопитност. 

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Ова е недела за мудрости и значајни сознанија. Со влегот на Марс во Вага во вторник во вашата зона на мудрости, ќе стекнете знаења и ќе имате идеи кои ќе ви помогнат да го држите умот активен, но и да постигнете успеси. Со квадратот на Венера и Сатурн во четврток фокусот ќе биде ставен на вашите професионални контакти, а викендот ви носи сознанија како да ја искористите емоционалната интелигенција за да успеете. 

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Време е за длабочина и значајни вистини. Со влегувањето на Марс во Вага во вторник во вашата зона на автентичност, ова е можност да разберете многу работи и да дојдете до значајни вистини. Во четврток, со квадратот на Венера и Сатурн, добивате оптимизам и позитивна енергија и фокусирани сте само на она што ви носи добро. Викендот ви дава можност да се фокусирате на целите и да постигнете важни резултати и успех.

Прочитајте повеќе тука.