Неделен хороскоп: 13-19 март

Што ни носи хороскопот за претстојната недела?

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

ОВЕН

Во ред е да не знаете сè. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ви помага да ја нормализирате збунетоста, но и да ги намалите очекувањата од себе. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на приходи и ви носи финансиска сигурност. Во сабота, Меркур влегува во вашиот знак и ви најавува период на јасна комуникација и критичко размислување.

Прочитајте повеќе тука.

БИК

Што ви е важно за пријателствата, драги Бикови? Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ве поттикнува да ја разберете поврзаноста со вашите блиски. Во четврток, Венера влегува во вашиот знак и ја подобрува вашата самодоверба со цел да дојдете до убавина и задоволство. Меркур влегува во Бик во сабота во вашата зона на краеви, што ќе ве ослободи од некои свои очекувања.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Не се откажувајте. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ве инспирира да се насочите кон нешто што ви е важно на полето на работата. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на краеви и ве мотивира да се ослободите од минатото. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на пријателства, што ви најавува убав викенд поминат со најдрагите.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Променете ги своите очила со кои гледате кон светот. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ви помага да дојдете до нова перцепција. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на пријателства што може да ги измеша границите меѓу љубов и пријателство. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на кариера, што ќе ви донесе поголема амбиција, но и фокус кон целите и професионалниот успех. 

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Конфликтите се нормални и не мора да бегате од нив. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун бара од вас да се посветите на решавање на некој конфликт. Венера влегува во Бик во четврток во вашата зона на кариера и ви носи зближување со колеги, кои можат да ви помогнат да ги исполните целите. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на мудрости, а тоа ќе ви овозможи да дојдете до нови знаења. 

Прочитајте повеќе тука.

ДЕВИЦА

Довербата е вештина. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ве поттикнува да преземете ризици и да разберете дека довербата е вештина која треба да ја практикувате. Во четврток, Венера влегува во Бик, помагајќи ви да сретнете луѓе кои ќе го сменат начинот на кој размислувате. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на интимност и ве инспирира да се посветите на задоволството.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Пробајте да направите баланс меѓу малата и големата слика. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ќе ви помогне да ја најдете средината меѓу едното и другото. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на интимност и ве инспирира да се посветите на продлабочување на вашите постоечки односи, како љубовни, така и пријателски. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашиот сектор на преговори, што ви помага да се справите со различните мислења.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Вие навистина вредите. Квадратот на Марс и Нептун кој настапува во вторник, ќе ви помогне да сфатите колку навистина вредите. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашиот сектор на романса и ви носи хемија во која спротивностите се привлекуваат. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на добросостојба што ќе ве поттикне да смените некои навики.

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Вие смеете да покажете колку сте чувствителни. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ви помага да бидете отворени, искрени, но и ранливи и да ги изразите своите чувства. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на добросостојба, а во сабота, Меркур влегува во Овен, што ви носи храброст. Ќе се чувствувате како да можете сè.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Останете присутни и фокусирани. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ве поттикнува да бидете присутни и да обрнете внимание на малите детали. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на самодоверба, а тоа ќе ви донесе луѓе кои прават да се чувствувате одлично. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашата зона на емоционална интелигенција, а тоа ќе ве доближи до она што ви е драго до срцето. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Практикувајте го она што го кажувате. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ви помага да живеете согласно на своите вредности и така да дојдете до сигурност и интегритет. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на семејството што ќе ви помогне да ги подобрите односите со вашите блиски. Во сабота, Меркур влегува во Овен во вашиот сектор на комуникација, што ќе ве поттикне подобро да ги избирате своите зборови и да примените вештини за активно слушање. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Емоциите се важна информација. Во вторник, квадратот на Марс и Нептун ви помага да се посветите на чувствата и да бидете одговорни. Во четврток, Венера влегува во Бик во вашата зона на комуникација што ќе ве инспирира да дојдете до подобра структура во начинот на кој комуницирате со другите. Меркур влегува во Овен во сабота и ви помага да го поврзете она што го чувствувате, мислите и во што верувате. 

Прочитајте повеќе тука.