Неделен хороскоп: 11-17 октомври

Прочитајте што ви носи претстојната недела.

Овен 

Верувајте во своите пријатели!Секстилот на Месечината и Јупитер ви помага подобро да комуницирате со своите пријатели, но и да успеете заеднички во нешто. Тригонот во петок ве поврзува полесно со другите, но на пријателско па и на љубовно ниво. Јупитер преминува во Водолија и оди директно во вашата зона на пријателства носејќи ви можност да се поврзете со постоечките, но и да создавате нови пријатели.

Прочитајте повеќе тука.

Бик

Дишете низ непријатноста. Секстилот меѓу Јупитер и Месечината во понеделник ве потсетува колку успевате да се носите со ризиците, непријатноста и интимност, а тригонот во петок ви помага да бидете практични и приземјени,но и продуктивни. Јупитер преминува директно да се движи во Водолија во недела во вашиот сектор на кариерата, носејќи ви добар момент за успех и радост на работното место.

Прочитајте повеќе тука.

Близнаци

Верувајте во позитивните намери, драги Близнаци. Во понеделник настапува секстилот на Месечината и Јупитер кој бара од вас да верувате во емоциите и однесувањето кое е споделено од страна на романтичните партнери.Тригонот во петок од вас очекува да се самоистражите на моќен  и емотивен начин. Во недела, Јупитер се движи директно во Водолија во вашиот сектор на образование помагајќи ви да ја примените мудроста која ја стекнавте во текот на летото.

Прочитајте повеќе тука.

Рак

Убавината е во деталите, драги Ракови!Секстилот на Месечината и Јупитер во понеделник го концентрира вашето внимание на малите нешта и нивното значење во интимните врски. Тригонот во петок дава глас на вашите емоции. Во недела, Јупитер влегува директно во Водолија во вашиот сектор на интимноста па тоа ви помага да го скршите ѕидот и да се соочите со своите стравови, но и да им помогнете на другите да ви се доближат.

Прочитајте повеќе тука.

Лав

Вие сте поддржувач на другите. Секстилот на Месечината и Јупитер во понеделник ви носи можност да ги поддржите другите луѓе околу себе. Тригонот во петок ви носи интересни, но и длабоки разговори со кои ќе се поврзете со другите. Во недела, Јупитер преминува директно во Водолија во вашата зона на романсата, носејќи ви страст и романса во вашите односи.

Прочитајте повеќе тука.

Девица

Каде се вашите граници, драги Девици? Секстилот на Месечината и Јупитер ви помага да го заштите своето време и да не велите да секому. Тригонот во петок ве инспирира да најдете време за задоволство. Во недела, Јупитер се придвижува директно во Водолија во вашата зона на добросостојба, помагајќи ви да изградите навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Прочитајте повеќе тука.

Вага

Среќен роденден, драги Ваги. Во понеделник, со секстилот меѓу Месечината и Јупитер време е да ја пренесете својата приказна за да биде слушната од другите. Тригонот во петок ве инспирира да најдете слобода во изразувањето. Во недела, Јупитер почнува да се движи директно во вашата сезона на самодовербата и ви помага да престанете да се споредувате со другите и да заборавите на потребата да бидете совршени.

Прочитајте повеќе тука.

Шкорпија

Кои вредности се важни за вас, драги Шкорпии? Како тоа влијае на вашето однесување? Во понеделник настапува секстилот на Месечината и Јупитер и ви помага да најдете вредности меѓу емоциите и праведноста. Тригонот во петок ја осветлува вашата потреба да комплетирате нешто и да ставите конечен крај. Во недела, Јупитер влегува во Водолија во вашиот сектор на домот и семејството, поврзувајќи ве со луѓе и места кои прават да се чувствувате како дома.

Прочитајте повеќе тука.

Стрелец

Изразете се, драги Стрелци. Секстилот меѓу Месечината и Јупитер во понеделник од вас бара да ја кажете вистината без заддршки. Пооврзете се со своите пријатели под влијание на моќниот тригон во петок. Во недела, Јупитер почнува да се движи директно во Водолија во вашиот сектор на комуникации помагајќи ви да ги подобрите своите вештини за изразување и слушање. 

Прочитајте повеќе тука.

Јарец

Кои се вашите потреби, драги Јарци? Секстилот на Месечината и Јупитер бара од вас да бидете искрени во однос на тоа што ви е потребно, а тригонот во петок е продуктивен и ви помага да ги следите своите идеи и прашања и да се стремите кон успехот. Јупитер се движи директно во Водолија во вашата зона на приходи, подобрувајќи ја вашата финансиска писменост и потенцијал за поголема заработка.

Прочитајте повеќе тука.

Водолија

Јавете им се на вашите пријатели. Со секстилот на Месечината и Јупитер во понеделник ова е одлично време да се поврзете и да имате повторно поврзување со своите пријатели. Тригонот во петок ви носи енергија и слобода да истражувате. Јупитер се движи директно во Водолија во недела и ви помага да ги анализирате промените кои настапија во вашата личност во текот на годината.

Прочитајте повеќе тука.

Риби

Пробајте да најдете оптимизам на работното место. Со секстилот на Месечината и Јупитер во понеделник ќе успеете да одговорите на својата оптимистичка визија и надежи. Тригонот во понеделник ве поврзува на интелектуален начин со другите преку отворен разговор. Во недела, Јупитер се движи директно низ Водолија во вашата зона на завршетоци, помагајќи ви да се ослободите од ситуации каде бевте заглавени поради стравот.

Прочитајте повеќе тука.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте повеќе тука.

 

 

 

Прочитајте повеќе тука.