Неделен хороскоп: 1 -7 август

Прва недела од еден од најубавите летни месеци.

Што ни носи хороскопот? 

ОВЕН

Време е да бидете практични. Во понеделник настапува конјункцијата на Марс и Уран која од вас бара да бидете разумни, а не импулсивни. Меркур влегува во Девица во вашата зона на добросостојба во среда и ве инспирира да изградите подобри навики за себеси. Во недела, квадратот на Сатурн и Марс бара од вас да се поврзете со луѓето на кои навистина можете да се потпрете и кои имаат слични вредности. 

Прочитајте повеќе тука

БИК

Преорганизирајте се за да бидете продуктивни. Конјункцијата на Марс и Уран ве охрабрува да направите голема промена за да тргнете во насока која ќе ве исполни и ќе ве направи посреќни. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на храброста и ви помага да бидете ранливи и да ги покажете своите чувства, без да се плашите од тоа како досега. Квадратот на Марс и Сатурн во недела е продуктивен и амбициозен и ви носи одличен успех на работното место.

Прочитајте повеќе тука.

БЛИЗНАЦИ

Дајте си себеси моќ да завршите нешто што ве мачи. Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ви дава  моќ да продолжите напред. Меркур влегува во Девица во вашата зона на емоционална интелигенција во среда и ве мотивира да им дадете име на своите чувства. Во недела, квадратот на Марс и Сатурн бара од вас да имате верба, визија и надеж за иднината.

Прочитајте повеќе тука.

РАК

Јавете им се на оние кои ви значат. Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ве поврзува со вашите најлојални пријатели и ве става во позиција на лидер и инспирација за нив. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на комуникација и ви помага полесно да се изразите. Во недела, квадратот на Марс и Сатурн ве инспирира да споделите една голема вистина и да се посветите на градење емпатија и поврзаност со своите пријатели.

Прочитајте повеќе тука.

ЛАВ

Време е за професионални ризици. Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ве мотивира да пробате нешто различно, храбро и ризично за вашата кариера за да дојдете до позитивни резултати. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на приходи, помагајќи ви да научите што е финансиска одговорност и успех. Квадратот на Марс и Сатурн во недела бара од вас да размислите за вештините кои ви се потребни да се препуштите на романсата.

Прочитајте повеќе тука

ДЕВИЦА

Применете го своето знаење, драги Девици. Конјункцијата на Марс и Уран бара од вас да сфатите дека можете и подобро, бидејќи поседувате многу вештини и способности. Меркур влегува во вашиот знак во среда и ви носи љубопитност, способност за решавање проблеми, критичко размислување и креативност. Квадратот на Марс и Сатурн во недела носи мала тензија меѓу малата и големата слика во вашиот живот. Обидете се да ги видите и двете.

Прочитајте повеќе тука.

ВАГА

Која е вашата вистина? Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ви помага да споделите едно важно искуство за да ја подобрите интимноста, задоволството и трансформацијата во вашиот живот. Меркур влегува во Девица во среда и ви помага да се ослободите од негативните мисли. Во недела ни настапува квадратот на Марс и Сатурн, па ова е совршен ден да ги признаете своите чувства некому.

Прочитајте повеќе тука.

ШКОРПИЈА

Не ги убедувајте другите. Конјункцијата на Марс и Уран во понеделник ве инспирира да ги разберете прво, а дури потоа да тргнете кон убедување. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на пријателства и ве поврзува со пријателите кои ви недостасуваа. Во недела, квадратот на Марс и Сатурн ви помага да се посветите на компромис, но и на градење цврсти граници за да постигнете емоционална сигурност. 

Прочитајте повеќе тука.

СТРЕЛЕЦ

Сите работи започнуваат со еден мал чекор. Во понеделник, Марс и Уран ги здружуваат своите сили и ви помагаат да се посветите на својот личен развој преку мали чекори. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на кариера и ви помага да ги засилите своите амбиции и да ги конкретиризирате своите цели. Во недела, квадратот на Марс и Сатурн бара од вас да се потпрете на комуникацијата за да ги решите проблемите.

Прочитајте повеќе тука.

ЈАРЕЦ

Време е да сфатите колку вредите. Во понеделник, со здружените сили на Марс и Уран ќе се чувствувате вредно и исполнето и како да можете да постигнете што и да посакате. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на мудрост и ви помага да бидете љубопитни и да откривате нови места. Во недела, со квадратот на Марс и Сатурн ќе можете да ги преиспитате своите вредности  и да ги пренесете во пракса. 

Прочитајте повеќе тука.

ВОДОЛИЈА

Одредени конфликти не се толку лоши и можат да ве зближат со друга личност. Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ви помага да поставите граници за да ги зајакнете своите пријателства и љубовни односи. Во среда, Меркур влегува во Девица во зоната на вистината и ве инспирира да бидете искрени и автентични. Во недела, квадратот на Марс и Сатурн ќе ве поттикне да направите баланс меѓу поврзаноста и слободата во врската. 

Прочитајте повеќе тука.

РИБИ

Јасната комуникација е клучна, оваа недела. Во понеделник, конјункцијата на Марс и Уран ве инспирира да им дадете име на своите мисли  и чувства и да покажете емпатија кон другите. Во среда, Меркур влегува во Девица во вашата зона на романсата и ви помага подобро да комуницирате со другите. Квадратот на Марс и Сатурн во недела ве поттикнува да ставите крај преку комуникацијата и да го оставите минатото зад себе, онаму каде припаѓа.

Прочитајте повеќе тука