Неделен хороскоп: 05-11 февруари 2018

Што ни носат ѕвездите во текот на оваа недела?

Овен

Работа: Она што е актулено кај вас во текот на овој период е зголемената екстровертност и можност за финансирање кога станува збор за работата. Не е се во обврските и ќе се потрудите тоа да им го покажете и на своите колеги, но и на насредените. Бидете сконцентрирани на тоа што се бара дополнително од вас, за да знаете колку да се вложите.

Љубов: Во љубовта, имате доволно причини и простор за да се опуштите, бидејќи личноста со која сте или сакате да бидете точно ќе ви каже што сака од вас. Доколку сте во брак, не си отежнувајте себеси така што постојано измислувате нови обврски.

Здравје: Одлично.

Бик

Работа: Вашата цел е ваша задача. Доколку сте сконцентрирани на своите моментални обврски нема да ви биде тешко да се впуштите во нова работна приказна, бидејќи имате чувство за бизнис и сакате многу повеќе пари. Нема да ви биде тешко да соработувате со личностите и од други држави. Некогаш покажувате доза на скептицизам, па во состојба сте да решите многу од работите кои се лоши во моментов. Не сакате ништо да ве изненади, па некогаш поради тоа се саботирате себеси.

Љубов: Во однос на емоциите, сите нешта се неизвесни за оние кои се слободни, но сепак постои некаков избор. Излезете и дружете се брз обврски, а потоа изберете што најмногу ви одговара. Го заслужувате тоа.

Здравје: Пијте повеќе течности.

Близнаци

Работа: Сакате многу повеќе од тоа што работите, но исто така се трудите и да се занимавате со опасни работи. Не дозволувате никој да ви сугерира како да ги решавате своите обврски, а често сте и многу суетни за она што го добивате како плата. Треба да знаете дека работите не се толку лошо поставени колку што ви недостасува трпение. Бидете сигурни дека ако работите напорно, вашата работа ќе биде одлично проценета.

Љубов : Можни се кавги со партнерот. Преиспитајте ги своите ставови и начин на однесување.

Здравје: Занимавајте се со спорт или било каква физичка активност. Наполнете ги батериите за да можете да имате енергија да ги решите своите проблеми.

Рак

Работа:  Ќе ви биде убаво на работа. Ќе работите многу, но точно ќе знаете што правите. Ако не сте во работен однос, потрудете се да побарате работа во текот нс оваа недела. Конечно ќе имате можност да добиете работа по струка.

Љубов: Партнерот е идеален во вашите очи и воопшто не треба да се двоумите околу излегувањата кои ги планирате. Ако имате план да отпатувате заедно, направете го тоа. не е невозможно да ја запознаете сродната душа во текот на оваа недела, доколку не сте во врска.

За оние кои се во подолга врска, може да се појави личност со која ќе започнат паралелна врска. Очекувајте пријатни изненадувања.

Здравје: Зголемете ја својата физичка активност.

Лав

Работа: Вашата потреба за материјализација е голема и немате план да работите за малку пари. Морате да се воздржите за да не избувнувате пред колегите за ситници. Не се трудете да доминирате и постојано да се покажувате како лидер на тимот доколку од вас се тражи само остроумно решение. Во тимовите во кои сте се ценат еднаквоста и заедничките активности, а не вашето постојано паметување. Ако ги увидите грешките на време, ќе ги решите со леснотија.

Љубов: Ако сте во врска или брак, внимавајте. Многу изговорени зборови ќе имаат големо влијание и нема да имате можност да ги вратите назад.

Здравје: Можни се проблеми со органите за варење.

Девица

Работа: Овој период може да го искористите за кратки службени патувања или пак да се занимавате со интелектуална работа и учење. Морате малку повеќе да се ориентирате кон своите обврски, бидејќи тие стојат на хартија, а некако во последно време тешко ги реализирате. Посветете се на деталите и решете ги брзо.

Љубов: Во бракот и врската ќе ви биде многу убаво, така што ќе се изненадите и себеси. Уживајте во наредните седум дена. Ако сте слободни, можна е авантура, но шансите за нешто повеќе се минимални. Едноставно нема да имате поддршка од планетите за нешто стабилно.

Здравје: Можни се болки во кичмата.

Вага

Работа: Тешкотиите кои ги имавте полека поминуваат, а ќе се чувствувате како да ќе можете да завршите многу работи без кочење. Се потпирате сами на себе и имате енергија за многу работа и добро е да го искористите овој период за да се покажете на работа. Сакате истовремено да се дружите и забавувате, и тоа ќе успеете да го правите во текот на оваа недела. Можна е финансиска добива.

Работа: Можни се мали проблеми во врската и бракот. Причина за тоа е љубомората. Правите некои работи кои партнерот не ги сака и ќе биде важно да го промените тоа кај себе. Ако сте слободни, можна е врска со личност која изгледа одличност, а која сте ја запознале пред неколку недели.

Здравје: Зајакнете ги своите мускули.

Шкорпија

Работа: Ако досега не сте ги исполниле своите цели, не очајувајте бидејќи време е да покажете трпение, кое ќе донесе многу позитивни изненадувања. Не очајувајте поради повремените лоши одлуки, кои се одразуваат на вашиот паричник. Не е лоша идеја повремено да се посоветувате со колегите околу понатамошната соработка и насока.

Љубов: Избегнувајте тешки мисли и дружете се со позитивни луѓе. Доколку имате лоши соништа, не заборавајте во себе да најдете верба дека се можете да постигнете со напорна работа. Доколку сте од оние на кои им е потребна слобода периодов, не се плашете тоа да им го кажете на саканите.

Здравје: Можни се настинки

Стрелец

Работа: Лошото расположение кое го имавте, полека поминува. Морате да се стрпите и да не очајувате поради тоа дека не можевте на време да се поправите. Бидете трпеливи за она што ве очекува во текот на оваа недела. Имате поддршка од планетите, само мудро следете што се случува.

Љубов: Склоноста кон самотија и емоционално нерасположение се доста доминантни во текот на оваа недела. Можни се големи промени, но ќе се оствари само она на што внимателно ќе се посветите.

Здравје: Пијте повеќе цедени сокови од овошје и зеленчук.

Јарец

Работа: Она што можете да го очекувате  во текот на овој период е зголемената растргнатост на сите страни. Ќе имате многу обврски и ќе се потрудете да ги исполните сите обврски. Не е лоша идеја да се одморите и да направите нешто за себе.

Работа: Психата може да ве гуши без причина бидејќи ќе се навраќате на минатото. Потрудете се да ги оставите спомените онаму каде што припаѓаат. Ако не сте ги решиле тогаш, сигурно нема да ги решите сега.

Здравје: Обрнете внимание на исхраната и пијте повеќе течности.

Водолија

Работа: Робови сте на ригидниот став и не дозволувате до вас да дојдат нови информации кои понатаму ќе можете да ги искористите. Потрудете се да се ослбоодите од старите спреги и да се фокусирате на тоа што можете да го направите во моментот. Сакате да се ослободите од лошите избори кои ги правевте досега, но тоа не е многу возможно.

Љубов: Неизбежен е конфликт со саканата личност и потребно ќе биде да се повлечете време за да не добие расправијата големи размери. Ставете го егото на страна. Пробајте да доведете ред во некои аспекти и не делувајте врз основа на емоциите, туку разумот.

Здравје: Потребно ви е повеќе енергија и затоа треба да бидете физички активни и да внимавате на исхраната.

Риби

Работа: Не сакате да бидете изиграни, па ќе се потрудите да се ослободите од непријатните луѓе во своето окружување. Но, тоа не е многу возможно на работа. Ќе морате да се посветите на некој нов почеток во однос на работата, кој доволно долго го очекувавте. Патот кон кој се движите нема да биде посебно лесен, но ќе се исплати.

Љубов: Оние кои се во брак не треба да се впуштаат во повремени кавги, бидејќи работите ќе се решат сами од себе. Не потенцирајте го тоа што не ви се допаѓа веќе подолго време и почекајте уште малку.

Здравје: Можна е мала депресија, но генерално здр