Неделава се чистат помали депонии во општина Аеродром

Општина Аеродром заедно со службите на ЈП ,,Комунална хигиена” - Скопје, утрово ја стартуваваа големата акција за чистење на деловите од општината на кои во изминатиот период е забележана поголема концентрација на отпад.

 Акцијата стартуваше утрово од Долно Лисиче, Горно Лисиче, Населба Лисиче, Ново Лисиче и Реонски центар, а ќе трае во текот на целата недела и ќе ги опфати сите делови на општината. Предвидено е да се чистат сите помали депонии што се создаваат во и околу контејнерите, а претставуваат грда слика за општината, информираа надлежните. 

- Уште еднаш апелираме до граѓаните својот кабаст, крупен и друг вид отпад да го оставаат на точно определени локации и притоа да се избегнува фрлање отпад на тревниците и на други јавни површини кои се за други намени, потсетија од општина Аеродром.