Неделата некогаш беше ден за семејството – дали и денеска е така?

Недела. За многу луѓе најубавиот ден од седмицата. Некогаш недела се сметаше за празник, но дали и денеска е така?

Неделата денеска и неделата од минатото немаат исто значење. Темпото на животот, брзиот и динамичниот живот го прават своето. Несакајќи, понекогаш убавите моменти, знаат да избледат и повеќе да не им се дава значење.

Они малку повозрасните знаат каква беше некогаш недела. Работа од понеделник до петок. Ретко тогаш некој да работел во сабота или пак во недела. Се знаело во сабота се прави, што се прави, но, недела е ден за семејството, за најблиските. Недела се сметала за празник, за убав и среќен ден.

-Се сеќавам, едвај чекавме да дојде недела. Сите одевеме кај баба и дедо, кои живееја на периферија од Скопје. Сите вујковци и тетки, со се децата. Кога ќе се соберевме, изгледаше како слава. Уште кога се доближувавме на кај куќата, мирисаше на нешто тазе, печено, зелник, мекици, баници, секоја недела нешто различно. Се знаеше и убав ручек. Сите ќе седневме на дрвените клупи во дворот под големиот орев, кој правеше огромна сенка. Смеа, муабет колку сакаш. Си заминуваш од таму, полн со батерии, спремен за наредната недела, за работа или за училиште. Колку бевме среќни ние, а и баба и дедо. Денеска тоа згасна. Почина дедо, па баба. Со месеци некогаш не се видуваме, раскажува Марија од Скопје.

-Колку сакам само за миг да можам да се вратам во тие недели, но можам да ги вратам само сеќавањата, кои никогаш нема да избледат. Сега работиш цел ден. Изморен од работата, во недела спиеш до пладне и мрзеливо седиш во пижами со кафе во рака цел ден. Е таква е мојата недела, вели Коле.

Баба Рада е стара домаќинка. Таа се сеќава исто како било некогаш, кога секоја недела и била резервирана за децата и внуците, но денеска вели не е тоа тоа. Доаѓаат кога ќе можат, некогаш не ги гледа со недели.

Многу домаќинства и денеска даваат значење на неделите, но тие се во мал број. Сепак никој не е виновен за тоа, едноставно новиот живот си го наметнувата тоа.