Недела пред Велигден: За пазарџиите евтино, за граѓаните скапо

Една недела пред Велигден пазарите сe полни, а потрошувачката моќ слаба. Се купува овошје и зеленчук колку за да има за празничната трпеза.

„Граѓаните се помалку купуваат. Оваа година мислам дека пазарите се многу слаби. Еве ја не работам зимно време, сега почнав од март навака, многу слабо, слабо се троши роба“, вели еден продавач од Зелен пазар.

Табла јајца чини од 160 до 180 денари, исто како и лани. Доматите се продаваат од 90 до 100 денари, марулата 20 денари, краставицата од 80 до денри. 

„Луѓето немаат пари да купуваат. Секој гледа поскромно да си помине. Јајца табала, ручек, пиење на гости ми доаѓаат децата ќе потрошам околу 2000 денари“, вели еден пензионер.

Во четврток и петок се очекува и да се зголемат цените. Оваа недела ќе биде потрошувачкиот шпиц и на пазарите и во супермаркетите каде потрошувачката се зголемува за повеќе од 20 отсто.