Недела на отворени предавања во Планетариум

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да посетат предавање од општа астрономија во единствениот Планетариум во Македонија, во деновите од 19 до 24 септември ќе се организираат предавања за сите заинтерсирани, кои единствено треба да се пријават во групите што се поделени според староста на посетителите.

Предавањата се во живо и се прилагодуваат според староста и предзнаењата на посетителите. Групите се ограничени на 70 посетители а билетот ќе чини 100 денари. Во групата наменета за најмалите возрасти нема да може да се вклучуваат деца под 6 години, а оние што имаат 6 и 7 години препорачливо е да дојдат со еден свој родител. Билети можат да се извадат секој ден од 10 до 20 часот на билетарницата на МКЦ.

РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊАТА:
19.09.2018 (СРЕДА) – ВО 20:00 – ЗА ДЕЦА ОД 6 ДО 9 ГОДИНИ
20.09.2018 (ЧЕТВРТОК) – ВО 20:00 – ЗА ПОСЕТИТЕЛИ НАД 16 ГОДИНИ
21.09.2018 (ПЕТОК) – ВО 20:00 – ЗА ПОСЕТИТЕЛИ НАД 16 ГОДИНИ
22.09.2018 (САБОТА) – ВО 20:00 – ЗА ПОСЕТИТЕЛИ НАД 16 ГОДИНИ
24.09.2018 (ПОНЕДЕЛНИК) – ВО 20:00 – ЗА ПОСЕТИТЕЛИ ОД 10 ДО 14 ГОДИНИ