Недела на италијанска кујна: Почеток во Ист Гејт Мол – завршница на градски плоштад

Се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.

Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 10 ноември (четврток), гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија.

Следниот ден, 11 ноември, петок, со почеток во 16.30 часот, посетителите на EAST GATE MALL ги очекува спектакл: дефиле на готвачи низ булеварот на EAST GATE MALL и отворање на Mercatino Italiano пред платото на ТИНЕКС, со промоција и продажба на автентична италијанска храна и пијалоци и забава со италијанска музика, која ќе продолжи и за време на викендот.

Во сабота, на 12 ноември, демо готвење во отворената кујна на СУПЕР ТИНЕКС во EAST GATE MALL, каде готвачите од Италија ќе ги откријат тајните на некои од најпознатите италијански специјалитети.

Погледнете ја целата агенда тука: https://eastgatemall.mk/

Викендот, 12 и 13 ноември, ќе биде резервиран за второто издание на Фестивалот на италијанска храна на плоштадот Македонија: експлозија од вкусови, традиции, забава и изненадувања на едно место!

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Италија каква што ја замислувате, Италија каква што би сакале да ја вкусите, каде што секој вкус има своја приказна. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки.

Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ботега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Ботега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи. Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите NEPTUN, COIN CASA, EUROLAB, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, PIZZA PLACE “MATTO NAPOLETANO, и ITA BRAND.

На 12 ноември, во 13.00 часот настанот на плоштадот Македонија ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна.

Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна. Посебно музичко доживување ќе биде да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.

Програмата на настанот е објавена на ФБ страната Недела на италијанската кујна.