Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП

ЈСП Скопје информира дека од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места.

- Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронските картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики), информира ЈСП Скопје.

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата.