Искршени фотографиите на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани. Сликите кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени пренесува телевизија МНЕТ.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски сите од Штип. Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.
Ова е нечовечки и бездушен потег кон споменот и сеќавањето на трагично починатите млади животи што згаснаа во најголемата трагедија што ја погоди Македонија во поновата историја.