Не знаете што да вечерате? Ова е нашиот предлог

Доколку и вие се мачите да пронајдете што е здраво, вкусно, брзо и лесно да се приготви како оброк после работа, тогаш ние го имаме решението за вас.

Во овие долги и жешки, летни денови авокадо тостот е идеалната вечера за секого. 

Ако се прашувате зошто, тогаш одговорот е многу едноставен. Авокадо тостот се приготвува за помалку од 10 минути, не е скап оброг, богат е со хранливи материи и влакна, не дуе и е префкусен. Верувајте, ако досега не сте пробале, после овој рецепт ова ќе стане вашето омилено јадење!

Потребни ви се следните состојки за оброк за двајца:

  • четири парчиња црн леб
  • едно авокадо
  • два домати
  • фета сирење
  • оригано
  • две варени јајца или две јајца на око (по избор)

Испечете ги парчињата леб во тостер или во рерна, потоа пресечете го на половина авокадото и една половина намачкајте на две од лебчињата, а другата половина намачкајте ја на остатокот од лебот. Ставете ги јајцата, па потоа исечкајте парчинја домати. Нив може да ги ставите врз лебот и јајцето, заедно со фетата или пак настрана. Додадете малку сол и оригано.

Наздравеј!