Не знаете што да ручате денес? Ова е нашиот предлог

Летото е совршено време да се експериментира со храна, затоа не пропуштајте да го вкусите ова вкусно, лесно и јадење од соништата. За подготовка на омлет во домати ќе ви бидат потребни помалку од 20 минути, а вашето тело ќе ви биде благодарно бидејќи се грижите за него.

Потребни ви се само неколку состојки:

  • 4 големи домати
  • 3 јајца
  • 100g сирење
  • 2 лажици магдонос или копар
  • Сол и бибер

Приготвувањето е многу лесно и брзо. Потребно е да ги измиете доматите и да ги исечете дршките. Потоа, внимателно извадете ја средината од доматот со лажица. Изрендајте го сирењето и изматете го заедно со јајцата. Потоа додадете го сечканиот зеленчук и зачинете. Смесата од јајцата ставете ја во доматите и покријте со нивната внатрешност која претходно ја извадивте. Ставете ги да се потпечат на висока температура околу 5 минути.

Уживајте во вкусот и наздравје!