Не земале плата 11 месеци, а играа со цело срце и душа!

Вардар вчера успеа да издржи во Сегедин и да не изгуби со поголема разлика од осум гола (29:25) и така се пласираше на фајнл-фор турнирот.

Црвени-црните имаа едно катастрофално прво полувреме во кое ПИК Сегед направи разлика од осум гола (17:9), меѓутоа во второто полувреме тимот на Парондо прикажа подобра игра и не дозволи пресврт.

Победата на Вардар добива уште поголемо значење ако се знае во каква ситуацијата се сите во клубот. Тренерот Парондо тоа го истакна на конференцијата после натпреварот.

„Ова беа тешки натпревари против еден силен тим, жалам што на крајот видовме такви неубави сцени. Горд сум на овој тим, ракометарите немаа земено плата девет месеци, но и покрај тоа успеаа да ги остават проблемите надвор од теренот и да обезбедат пласман во Келн“, изјави Парондо.