
Млад скопјанец не запрел на знак од полицијата, а притоа со мотоциклот удрил во сообраќаец.
- На подрачјето на Гази Баба синоќа во 19:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13:40 часот не застанал со мотоцикл на даден знак за запирање и со мотоциклот удрил во полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.