Не заслужувате некој кој се враќа во вашиот живот, туку некој кој никогаш нема да си замине

Често се прашуваме зошто луѓето се враќаат во нашите животи откако ќе си заминат. 

Чекаме конечно да се појават во нашите животи повторно и да ни кажат дека згрешиле. Да се извинат. Но, време е да сфатиме дека не заслужуваме некој да се врати во нашиот живот, туку заслужуваме некој кој не сака да си замине.

Заслужувате личност која нема да си замине кога ќе се соочите со неволја или проблем, некој кој нема да ве остави кога е најтешко и некој кој сфаќа низ што поминувате и сака да биде покрај вас.

Заслужувате личност која посакува да се разбуди покрај вас и која сака да ве прегрне кога минувате низ тежок период. Тоа е некој кој не се плаши од тешките мигови со вас. 

Заслужувате некој кој е отворен да види како ја покажувате својата љубов, кој не посакува да ве смени и кој не се плаши од љубовта.

Заслужувате некој кој посакува да биде покрај вас кога сте во своето најдобро светло, но и во своето најлошо издание. Кој сака да ги открие вашите добри и лоши страни и кој ве избира секој ден.

Не ги бирајте оние кои си заминуваат кога е најтешко, туку оние кои ќе останат до вас и покрај сè.