Не вознемирувајте се од звуците: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Во касарната „Илинден“ во Скопје вечер, со почеток во 19.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

Истрелани ќе бидат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во 16.00 часот, ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.