Не тргнувајте на пат: Ќе има невреме, забранет е влез на товарни возила во Грција

МВР ги известува граѓаните на Р. Македонија дека утрово од 05.00 часот до утре на полноќ (24.00 на 06.01.2020), според добиените информации од грчките погранични служби, е воведена забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.