Не ти требаат луѓе кои никогаш немаат време за тебе

Не ти требаат луѓе кои никогаш немаат време за тебе, зошто да трчате по луѓе за кои воопшто не сте ни на листа на приоритети?

Тука лежи целата мудрост на меѓучовечките односи. Научете дека постојат големи разлики меѓу луѓето пред да пројдете низ многу разочарувања. Ценете ги оние кои ве ценат вас, почитувајте ги оние кои не ве почитуваат, со тоа што нема да им возвраќате со иста мера и нема да се спуштате на нивно ниво.  Не ви треба некој кој ќе ви се јавува само кога сте среќни, а ќе ги игнорира вашите повици кога имате солзи во очите. Не ви треба некој кој се интересира само за тоа што имате и колку имате.

Не ви треба некој кој пред вас ќе има маски на лице, ќе се преправа дека ве слуша, а во очи му гледате дека воопшто не го интересира она што го зборувате. Не ви треба некој кој ќе ви клима со глава кога сте на повисока функција, а кој ќе те игнорира кога не сте.

Не ви требаат луѓе кои никогаш немаат време за вас, тргнете се од нив и барајте луѓе кои сакаат да бидат во ваше друштво, луѓе кои ве ценат по тоа што го носите во себе, а не на себе.

Најлоши се луѓето кои ја преценуваат својата вредност, затоа што мислат дека без нив не можете да живеете, па сакаат аплаузи и сакаат да им се поклонувате.

Не ви требаат луѓе кои никогаш немаат време за вас. Кога ќе научите да се цените себеси, повеќе нема да дозволувате негативни ликови да одредуваат како ќе се чувствувате и каде ќе одите. Тогаш ќе го подарувате вашето време на оние кои го заслужуваат и кои ви значат, но и луѓе на кои вие им значите.