Не те боли туѓата грубост, туку твојата сопствена немоќ

Не те боли уште едно разочарување, туку тоа што дозволуваш таа личност да биде дел од твојот живот. Не те боли уште една рана, туку чувството на немоќ што веруваш на погрешна личност. Личност која веќе те повредила. И постојано се надеваш дека ќе биде подобро, а доказите го зборуваат спротивното. Волкот го менува влакното, но не и карактерот. 

И не е до таа личност, туку до тебе. Затоа што и натаму дозволуваш да внесува немир во твојот живот. Затоа што немаш поставено граници и немаш кажано – Доста е! Не те боли туѓата грубост, туку твојата немоќ. И недостатокот на одлучност да го запреш тоа засекогаш. А го можеш тоа, знаеш дека можеш. Но, те влечат стари чувства и научени шаблони. Навиката дека сте блиски. А не сте и никогаш не сте ни биле. Тоа било само илузија, која почнува да исчезнува во моментот кога ќе почнеш да се освестуваш. 

А може и побрзо да исчезне, тоа зависи од тебе. Зависи од тоа колку ти е здосадено да бидеш нечија закачалка. И колку си далеку од спознанието дека вредиш многу повеќе од тоа. Колку побрзо се освестиш, толку побрзо тој некој ќе исчезне од твојот живот. На овој или оној начин. Затоа што повеќе нема да бидете компатибилни. Нема да споделувате иста енергија и нема да можете да се среднете на пола пат. 

Слабите луѓе се полни со стравови и болка. И потребни им се уште послаби од себе за да се чувствуваат посилни. Затоа ако се издигнеш, ако ја освестиш својата сила и одлучно ги спречиш во нивната намера да ти внесат немир во животот, тие самите ќе си отидат. Во потрага по некој послаб. Затоа што ти повеќе не си тоа. И затоа немој тоа да го сфаќаш лично. Затоа што веројатно не е ниту до тебе, ниту до нешто што имаш направено. Повеќе е до нив и нивните внатрешни борби. Нивните демони. И по тој пат те сретнале тебе. Патот кој крие некаква лекција за тебе. 

Затоа ослободи се. Затоа што нивната болка не можеш да ја исцелиш со својата. И понатамошно вознемирување нема никому да донесе ништо добро. 

Оди и спаси се. Сочувај го својот мир и исцели ги раните. Тргни се што е можно подалеку. Енергетски, емотивно и физички ако можеш. Што подалеку. 

А и нив посакај им го истото. Со целото срце, ама оддалеку. 

Па кој знае? Можеби баш со тој гест ќе допринесеш да влезе светлина во нивната душа. И да донесеш мир и на двете страни.

~ Ива Брадариќ