Не сум тука...

Не сум тука за да исполнувам туѓи очекувања.

Не сум тука за секогаш да бидам одлично расположена и насмејана, затоа што има периоди кога не сум, а не знам, ниту сакам да глумам

Не сум тука за да молчам пред насилство и неправда. Затоа што ако молчам, јас сум дел од тоа и учествувам. А со тоа да си легнувам и заспивам – не, благодарам.

Не сум тука за да ги пропуштам шансите кои ми се укажуваат. Кога, ако не сега?

Не сум тука за да ласкам некому и да климам со глава.

Не сум тука за да кукам и во сѐ да барам маана и грешка. Од тоа човек се уморува...

Не сум тука за да продавам морал и однесување кое можеби повеќето го поддржуваат.

Не сум тука за да си ја мачам душата со прашања од типот: Што би било кога би било? Сѐ е онака како што треба да биде.

Не сум тука за да жалам за нешто или за некого.

Не сум тука за да се убивам од работа. Повеќе сакам да се дружам и да патувам.

Не сум тука за да бидам тип-топ средена убавица, ем не сум убавица, а и повеќе гледам смисла во пиво отколку во шминкање.

Не сум тука за да играм игри, да манипулирам за да извлечам нешто за себе.

Не сум тука за да заведувам и анимирам мажи. Сакаш – сакаш. Не сакаш – не сакаш. Има кој сака.

Не сум тука за да љубоморам и да го малтретирам мојот маж.

Не сум тука за да се мешам и да задирам во туѓи животи, затоа што тоа не се однесува на мене. Особено не кој со кого, зошто и како. Не ме интересира.

air max 90 essential sale