Не стивнуваат реакциите за Андреа: Држава претставува или на куќна слава е?

Евровизиската претставничка Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме од вчеравечер е тема број еден во јавноста. 

И од МРТ го осудија нејзиниот потег, а нешто подоцна Андреа во видео сподели дека е погрешно сфатена и дека сето ова што се случува е бесмислено. 

-Видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува.. Последниве неколку дена единственото нешто што го правев е што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во момент каде што ме снимаа и фотографираа побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда да доаѓам од тука и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова, вели Андреа во пораката. Еве ги коментарите на јавноста: 

-Зошто Тоше, Калиопи, Каролина не го фрлаа македонското знаме?

-Ај што сме злобни, ама многу сме површни… дрва и камења летаат по претставничката на Евросонг. Ниту планирам да ја бранам ниту да и’ одбивам на годините. Затоа што на 22 и те како сум знаела што правам. Ама! Прескокнуваме еден цел кадар од големото платно. Каде е делегацијата? Кандидаткава сама отиде во фестивал? Сите наши пратеници во Торино, на кои на врат им виси ‘ОФИШЛ’, подеднакво како пејачкава, претставуваат држава. Претставуваат држава, да повторам… не идат на куќна слава. Знаете ли вие за протокол, побогу?!

-Каква држава, такви претставници. И народов се крсти во ваква младина, дека еден ден ќе водат борба за правда!

-22 години не е дете. Тоа е млада жена, која не смее да не знае како да се однесува со знамето на сопствената татковина. Цело време велам дека проклетството на Македонија е непрофесионализмот и импровизацијата, на сите нивоа, на сите полиња. Незнаење и царување на просекот, и на тоа под него. Слушаме необјасниви гафови на лидери, функционери, новинари, професори... сведочиме на невидени протоколарни грешки, на срамни настапи во јавност, на елементарна неписменост и невоспитување во целиот јавен простор. Итно е потребен бран на просветителство, луѓе. Ќе нè убие оваа општа некултура, ќе нè уништи овој простотилак. П.С: Коментарите со "критика" за срамниот чин со знамето сведочат сами за себе еднакво како чинот. Па видете вие до кое дереџе сме...

-Панк несреќана, нек ја спакуваат уште утре за назад и нек си пее под туш!